Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има музички фестивал крај Дојранското Езеро: „Дојран Д-фест“ ќе се одржи од 25 до 27 јули
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ќе има музички фестивал крај Дојранското Езеро: „Дојран Д-фест“ ќе се одржи од 25 до 27 јули
ЗАБАВА

Ќе има музички фестивал крај Дојранското Езеро: „Дојран Д-фест“ ќе се одржи од 25 до 27 јули

Објавено June 26, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Продолжува традицијата на одржување на познатиот фестивал „Д-фест“ во Дојран, но сега со ново име „Дојран Д-фест“. Годинашново 17. издание ќе се одржи на 25, 26 и 27 јули во ист формат и стил како и досега.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов на прес-конференција информира дека од самите почетоци фестивалот бил препознат како средиште на прогресивна и автентична музика, но и како место за одмор, релаксација, дружење и уживање во содржините на кампот и убавините на Дојранското Езеро.

И оваа година фестивалот ќе биде успешно организиран, со огромен број на посетители, со настап на над сто изведувачи, со организација на камп и активности внатре во кампот. Можам да кажам дека „Дојран Д-фест“ е во својот дом и продолжуваа оваа традиција, бидејќи фестивалот е препознатлив за Дојран и е синоним за нас. Како општина правиме се да опстои овој фестивал, рече Ангов.

Миле Велков од „Визуал продакшн“ издвои дел од познатите изведувачи на годинашниот фестивал.

Ги издвојуваме ДЈ Методи Христов, ДЈ Никифор, ДЈ Мосел, Ареа и Сенида, но и многу други познати имиња чии настапи ги договараме. Ќе имаме 5 сцени, кои ќе ги подигне една реномирана компанија, а на нив ќе се обидеме да ги опфатиме сите музички правци. Наредните денови треба да биде дефинирана комплетната програма и истата ќе биде објавена. Во предпродажба се билетите за Фестивалот, кои чинат 1.600 денари за три денови со камп и 600 денари за еден ден, изјави Велков.

Никола Писарев од Центарот за современи уметности од Скопје ја презентираше уметничката програма.

Посетителите на кампот, покрај забавниот дел, односно во паузите, ќе имаат културно-уметничка програма, но и едукативна. Интересно е што содржините се подготвени од млади автори, кои изминативе години биле дел од публиката на Фестивалот и сега ќе продуцираат одредени културни програми. Самиот концепт е направен да има три главни слота, кои ќе се случуваат секој ден, мал дел во утринските часови, а поголем во попладневните. Станува збор за стриктно едукативна програма, преку која посететителите ќе може да стекнат нови знаења од најразлични области, Рече Писарев.

Општина Дојран и „Визуал продакшн“ потпишаа Договор за организирање на овој фестивал во наредните пет години и Советот на Општината донесе одлука во последен момент да не може да се дислоцира фестивалот како што се случи годинава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје
Следна Статија НОВА ИЗМАМА: Скопјанка дала 30.000 евра за операција на ќерка ѝ, но доцна сфатила дека е измамена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Словачкиот премиер Роберт Фицо работел ноќна смена во пекарница за Први Мај

Словачкиот премиер Роберт Фицо  објави дека синоќа работел ноќна смена во пекара како товарач во знак на солидарност со работниците.…

May 2, 2026
ЗАБАВА

Никон го претставува NIKKOR Z 24-105mm f/4-7.1, високо преносен стандарден зум објектив

Нов објектив што овозможува креативно сликање во различни ситуации

January 8, 2026
ЗАБАВА

Абу Даби ја има најскапата елка во светот

Иако христијанските празници не се нивна традиција, тоа не ги спречи Обединетите Арапски Емирати, Јапонија и Кина да ги имаат…

December 26, 2025

Nintendo најавува специјален настан за 30-годишнината на Покемон во САД

Денот на Покемон е наближина!

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?