Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Имаме надлежност само за градби од А категорија, наместо спектакли, градоначалничката на Скопје да излезе со градежна инспекција на терен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Имаме надлежност само за градби од А категорија, наместо спектакли, градоначалничката на Скопје да излезе со градежна инспекција на терен
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Имаме надлежност само за градби од А категорија, наместо спектакли, градоначалничката на Скопје да излезе со градежна инспекција на терен

Објавено June 26, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби.

Николоски ги оцени настапите на градоначалничката Данела Арсовска како спектакли, посочувајќи дека како градска власт има право да постапи доколку се утврди дека одредени објекти се дивоградби.

Мислам дека е коректно да се информира јавноста дека целосна надлежност има градоначалникот на Град Скопје со соодветната градежна инспекција и наместо да се прават спектакли, нека излезат со градежна инспекција и нека утврдат. Доколку има дивоградби, истите треба да се срушат. Доколку не сака да ги сруши инвеститорот, треба градот да распише тендер за фирма за рушење и таа фирма да ги сруши, а потоа трошоците паѓаат на товар на оној кој бесправно градел. И да поднесе сооветна пријава до надлежното обвинителство и кривично да се одговара, а целокупниот имот доколку е изграден на земјиште на Република Македонија, затоа што има и такви индиции што се изнесуваат во јавноста, се конфискува. Како што сме сведоци ништо од ова нема направено градоначалникот на Град Скопје. Напротив секој ден спектакли во јавност, а ниедно од правните дејствија не се направени што може да не носи до други заклучоци дали позадината е мотвирана од политичката партија ДУИ и од одредени релации што градоначалничката ги има со високи функционери на ДУИ, рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август
Следна Статија Филипче: Не губиме ништо ако ги внесеме Бугарите во Уставот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предизвиците со кои со соочува Македонија: Граѓаните да не се грижат!

Многу важно за нас е состанокот в недела за унгарскиот заем да заврши успешно, за да почнеме со користење на…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март

Откако во петокот пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот

Криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене, порача денеска претседателот на Владата на Република…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?