Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Taравари нема да биде кандидат за градоначалник на Гостивар, туку актуелниот в.д Лимани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Taравари нема да биде кандидат за градоначалник на Гостивар, туку актуелниот в.д Лимани
ПОЛИТИКА

Taравари нема да биде кандидат за градоначалник на Гостивар, туку актуелниот в.д Лимани

Објавено June 27, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, синоќа на собирот со граѓани „Се среќаваме во Гостивар, посочи дека Ваљбон Лимани, актуелниот вд градоначалник на општина Гостивар ќе биде кандидатот за уште еден мандат.

Таравари во обраќањето во центарот за култура „АСНОМ“ ги разреши дилемите околу кандидатурата на Валбон Лимани, испраќајќи јасна порака до оние кои, како што рече се обидуваат ја попречат.

– Ви кажувам оттука, Валбон Лимани не е кандидатот, туку тој ќе биде новиот градоначалник на Гостивар, рече Таравари.

Во говорот, лидерот на крилото на Алијансата за Албанците што се одвои од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ искажа огорченост од постапките на сопартијците Азир Алиу и Арбен Фетаи кои останаа во владината коалиција и ги повика да излезат на избори како кандидати.

– Едниот нека се кандидира во Гостивар, а другиот во Липково. Ако еден од нив добие над илјада гласови, јас ќе се повлечам од политиката, рече Таравари.

Тој зборуваше за актуелната политичка состојба и односите во владината коалиција, оценувајќи ги како неповолни за Албанците во Македонија, наспоменувајќи дека наскоро Алијанса ќе стане важен политички фактор и Албанците, како што нагласи, нема повеќе да им бидат измеќари на Македонците

Во својот говор, Таравари им се заблагодари на тројцата пратеници на АА, Садик Сулејмани, Ријат Шаќири и Халил Снопче за нивниот став во поддршка на партијата.

На собирот се обрати и вд градоначалникот Ваљбон Лимани кој кажа дека со напуштањето на владината коалиција, Алијанса станала посилна и ја има поддршката кај народот.

– Време е политиката повеќе да не се дели на партии, туку на добри луѓе кои го сакаат доброто на сите, а не само своето. Ќе славиме во октомври, а што се однесува до мене, среќен сум што ќе славам со вас во Гостивар, рече Лимани

На собирот се обратија и пратеникот Халил Снопче, претседателката на форумот на жени Елфете Изаири, претседателот на изборниот штаб Исак Љазами, организацискиот секретар, Гадаф Узаири и генералниот секретар Блерант Рамадани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Сити го прегази Јувентус
Следна Статија Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка

Раководството на СДСМ, заедно со членовите на Извршниот одбор, вчера вечерта поднесоа оставки на предлог на партискиот лидер Венко Филипче.…

December 3, 2025
ПОЛИТИКА

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за настаните од „27 април“

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за злоупотреба на службената положба и попречување на правдата против поранешната обвинителка…

April 27, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија

Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против…

December 13, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Со топлификациона мрежа ќе го решиме загадувањето на воздухот во Аеродром

Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?