Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство
Blog

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

Објавено June 27, 2025 16:09
Сподели
Сподели

„Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава и поквалитетна храна. Преку соработката со Лидл и македонските компании добиваат можности за сертификација на своите производи со Global GAP и GRASP сертификатите, а со тоа и да ги пласираат своите производи подобро на европските пазари“ изјави Милена Драгијска-Денчева, извршен претставник на Лидл на денешниот настан организиран за развој, извоз и сертификација на локалното производство на овошје и зеленчук, што се одржа во Скопје.

Иако Лидл сè уште не ги отворил своите маркети во Северна Македонија, влијанието врз локалната економија е веќе мерливо. Само во 2024 година, повеќе од 5.500 палети сертифицирано македонско овошје и зеленчук беа извезени преку европската мрежа на Лидл. Овој извонреден резултат докажува дека македонските производители имаат капацитет да ги исполнат строгите меѓународни стандарди како Global GAP и GRASP.

Лидл Северна Македонија, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и „Макфреш“, организираа конференција за подигнување на стандардите на земјоделството преку сертификацијата со Global GAP и GRASP. Стандардите беа презентирани од страна на експертите во областа Васил Трпевски и Зорица Смилевска, а беа присутни претставници на релевантни институции како проф. д-р Сузана Јордановска, директорка на Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), повеќе од 100 компании и претставници од земјоделскиот сектор, со што се создаде значајна платформа за промоција на безбедноста на храната, подготвеноста за извоз и одржливите земјоделски практики.

Јан-Аксел Фос, заменик-амбасадор на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, изјави дека „германската влада со децении наназад, го поддржува македонскиот земјоделско-прехранбен сектор во усогласување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, барањата за безбедност и квалитет на производите, како и воспоставување на пазарни врски. Веруваме дека овој сектор игра важна улога во економскиот развој на земјата, a со отворањето на ЛИДЛ, што ќе биде најголемата германска инвестиција во секторот, македонските производители добиваат директна и конкретна бизнис можност за проширување кон европскиот пазар“.

Михал Харари, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, истакна дека „преку швајцарската програма ИМЕ, воспоставивме успешни модели и примери на локални компании кои ги подобрија своите производи, стекнаа сертификати барани од различни извозни пазари и успеаја да се интегрираат во глобалните синџири на снабдување. Партнерството со Лидл нè носи чекор понатаму, обезбедувајќи можности за повеќе компании да пристапат до синџирот и пазарите на Лидл, а со тоа да достигнат поголем обем и раст.“

Соработката на Лидл, ИМЕ и ГИЗ е изразена преку проектот „Подготвени за снабдување“
(„Fit for Supply“), со кој Лидл ќе овозможи поддршка на земјоделските производи, ИМЕ ќе кофинансира до 50% од трошоците за сертификација, а ГИЗ ќе обезбеди консултантска експертиза.

Со стратешки инвестиции, меѓународна соработка и јасна посветеност кон конкретни резултати, Лидл докажува дека македонските производи припаѓаат не само на локалните полици – туку и на европските трпези.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Lynk & Co истовремено ги лансира 01 Plug-In хибридот и целосно електричниот 02: Нова ера на одржлива мобилност во Македонија
Следна Статија Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина

Вложувањата во енергетиката се приоритет и од капитално значење. Денес и формално го означуваме почетокот на еден процес кој значи…

February 11, 2025
Blog

BMW продал луксузни возила на руски клиенти и покрај санкциите

Германскиот производител на автомобили BMW Group откри дека, и покрај широко распространетите меѓународни и санкции од ЕУ, продал повеќе од…

December 24, 2024
Blog

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата…

February 11, 2025
Blog

Масовните протести во Турција предизвикаа шок на финансиските пазари – Инвеститорите го повлекуваат капиталот, лирата паѓа

Масовните протести во Турција предизвикаа шок на финансискиот пазар – инвеститорите го повлекуваат капиталот, лирата паѓа. Ердоган се обидува да…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?