Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија почна да одбива украински бегалци: „Можете да се преселите во побезбеден дел од Украина“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Велика Британија почна да одбива украински бегалци: „Можете да се преселите во побезбеден дел од Украина“
СВЕТ

Велика Британија почна да одбива украински бегалци: „Можете да се преселите во побезбеден дел од Украина“

Објавено June 28, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Велика Британија започна да одбива се поголем број барања за азил од украински државјани, наведувајќи дека подносителите на барањата можат да се преселат во „побезбедни делови“ од нивната земја, објави „Гардијан“.

Според лондонска адвокатска фирма, британското Министерство за внатрешни работи сè почесто испраќа одбивни одговори со образложение дека подносителите не ги исполнуваат критериумите за прогон според Женевската конвенција. Во писмата стои дека не постои општа закана по животот, бидејќи „регионите како Киев и западна Украина се сметаат за генерално безбедни“.

Во нив дополнително се наведува дека подносителите на барањата можат да пристапат до јавни услуги во Украина и се охрабруваат да побараат помош од УНХЦР и локални организации.

Адвокатите предупредуваат дека оваа промена е резултат на ажурираните насоки на Министерството од јануари 2025 година, кои ја класифицираат ситуацијата во одредени украински региони како стабилна. Ова ги доведува во прашање правата на бегалците кои очекуваат заштита од земја како Велика Британија, која претходно беше меѓу најгласните поддржувачи на Украина.

Иако статусот на бегалец во Обединетото Кралство носи петгодишен престој со право на работа, здравствена заштита и социјални бенефиции, сè повеќе Украинци добиваат привремени визи преку програмите „Домови за Украина“ и „Семејна шема“, со ограничен престој до 18 месеци.

Според податоците, до март 2025 година Велика Британија издала над 270.000 вакви визи, додека во Европската Унија преку системот за привремена заштита прибежиште добиле околу 4,3 милиони украински граѓани.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи изјави дека Велика Британија понудила или продолжила заштита за над 300.000 Украинци од почетокот на војната во 2022 година. Сепак, критиките растат дека новиот пристап ги игнорира реалните безбедносни закани и тешкотиите со кои се соочуваат бегалците при враќање во т.н. „безбедни зони“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
Следна Статија „КОЈ Е ОВОЈ ВИСОКИОТ? СПИЕШЕ КАЈ НАС ВО ХОТЕЛ“ Газдарица во Италија го смести Јокиќ, па му испрати фотка на маж ѝ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Голем број земји испратија војници во Гренланд во текот на ноќта

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата ќе биде извидувачка и треба да трае од…

January 15, 2026
СВЕТ

Орбан: Брисел се подготвува за војна до 2030 година

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска оцени дека Брисел се подготвува за војна со Русија и дека веќе постои целен…

December 8, 2025
СВЕТ

Протести во Бразил поради полициска операција против нарко-банди

Во Рио де Жанеиро и други делови од Бразил, жителите на фавелите и активистите демонстрираа против најсмртоносната полициска операција против…

November 1, 2025
СВЕТ

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?