Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

Објавено June 28, 2025 13:36
Сподели
Сподели

До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 бидејќи целиот проект е комплексен и на банките им треба време да може да ги анализираат сите работи, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

На прес-конференција во Владата, каде даде отчет за сработеното во првата година од Владата, министерката рече дека рокот за достава на понудите е 7 јули кога ќе се знаат повеќе детали.

– Интересот е многу голем. Ние пуштивме барање за понуда до 22 институции, а дополнително ни се јавија уште две кои побараа да пуштиме понуди до нив. Нормално дека во интерес на државата треба да обезбедиме понуди и што е можно пониска цена за железничката пруга така што пуштивме дополнително барање и до тие две институции. Има многу прашања и заради тоа го продолживме рокот до 7 јули. Станува збор за комплексен проект и мора да ги разбереме и банките дека имаат потреба од појаснувања. Во постојана комуникација сме, истакна Димитриеска-Кочоска.

Министервото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за изградба на брзата пруга долж Коридорот 10.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски
Следна Статија Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД ќе вложат 1,6 милијарди долари во рударска компанија за ретки земји

Рударската компанија има ангажирано Кантор Фицџералд, чиј претседавач е Брандон Лутник, син на секретарот за трговија Хауард Лутник, за да…

January 26, 2026

Продажбата на луксузни возила во Кина опаѓа со забавувањето на економијата

Побарувачката на странски луксузни возила во Кина слабее, додека купувачите избираат достапни домашни модели со атрактивни попусти и современа техноло

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на…

May 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?