Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
БАЛКАН

Бројни полициски тимови распоредени низ Белград

Објавено June 28, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите. Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград.

Во близина на парламентот се распоредени голем број полициски комбиња како и пред зградата на РТС што е во близина.

На плоштадот Славија каде треба да се одржи големиот протест на студентите во блокада веќе има голем број граѓани, дел од нив се од собири на граѓани од голем број белградски општини.

Затворен за сообраќај е Бранков мост како и мостот Газела, додека полицијата затвори сообраќај и на неколку улици во центарот на Белград.

Поддржувачите на студентите кои се противат на блокадата на факултетите, на повик на владини претставници, го исполнија платото и улицата пред Парламентот на Србија, како и блискиот плоштад Никола Пашиќ каде што треба да се одржи книжевната вечер. Граѓани, предводени од некои лидери на СНС, пристигнуваат од различни делови на градот.

Српскиот патријарх Порфирије повика на единство, нагласувајќи од Видовданската литургија во манастирот Раваница да бидат отворени во однос едни кон други, да ги слушаат другите, да бидат подготвени да ги поднесат слабостите едни на други и да не инсистираат одвреме-навреме да биде онака како што сакаат. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна „МојДДВ“, од УЈП работат на отстранување на проблемот
Следна Статија Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени…

September 23, 2025
БАЛКАН

Грција бара работници од странство

И јужниот сосед бара работници. Грчката економија е оштетена од немањето работници. Во Грција има 200.000 слободни работни места, a…

January 14, 2025
БАЛКАН

Откако не му даде да води театар и кино, актерот Милош Биковиќ се сврти против Вучиќ

Актерот Милош Биковиќ кој во моментов е еден од најпопуларните во Србија, се сврти против претседателот Александар Вучиќ. Тој се…

December 26, 2024
БАЛКАН

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Покрај него, забраната важи и за…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?