Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година

Објавено June 29, 2025 13:01
Сподели
Сподели

Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори: Кој ја донесе одлуката да биде избришана албанската дијаспора од пописот на населението во 2021 година? По која цена беа продадени Албанците во овие валкани зделки? Коалицијата ВРЕДИ ќе бара кривична одговорност за сите оние кои, без никаква правна основа, ја измислија категоријата „нерезиденти“, пречекорувајќи ги своите надлежности и намерно исклучувајќи ја дијаспората од официјалните податоци, реагираат од ВРЕДИ.

Ја информираме јавноста дека не сме разговарале за попис пред редовниот рок и дека нема да има друг попис следната година. Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус. Таа мора да ја исправи измамата на ДУИ и на СДСМ и да обезбеди фер, инклузивен и прифатен процес од сите страни.

ВРЕДИ останува цврсто во одбрана на албанската дијаспора, која со децении е главен столб на економскиот, социјалниот и националниот опстанок на Албанците во Македонија. Тие не се „нерезиденти“, туку се неразделен дел од нашата нација и директен придонесувач за развојот на нашата земја.

Предавството што ДУИ го изврши против нашата дијаспора никогаш нема да се заборави. Тоа е црна дамка врз политичката совест на оваа партија. Но, сега, по одлуката на Уставниот суд, достоинството на секој Албанец се врати. Ова е победа за вистината и правдата.

Албанската дијаспора претставува и ќе продолжи да претставува легитимен дел од националниот процес на донесување одлуки.

ВРЕДИ секогаш ќе стои на нејзина страна“, се наведува во реакцијата на ВРЕДИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата
Следна Статија Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена

Скратена работна недела од пет на четири дена, скратено работно време за повозрасните работници, пораст на платите, до 50% поголеми…

March 27, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче обвинува за манипулација на граѓаните: Нашиот пат до ЕУ е преку уставните измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја обвинува власта за манипулација на граѓаните, посочувајќи го и последниот случај со Муцунски и…

May 12, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да…

December 23, 2024
ПОЛИТИКА

Јон Фрчкоски се повлече од партиските функции во СДСМ откако беше објавена слика на која шмрка кокаин

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски, се повлекува од функцијата во партијата по обвинувањата од…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?