Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата го заврши најтешкиот дел од експресниот пат Дреново-Градско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата го заврши најтешкиот дел од експресниот пат Дреново-Градско
ЕКОНОМИЈА

Владата го заврши најтешкиот дел од експресниот пат Дреново-Градско

Објавено June 29, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обраќањето на опозициската СДСМ во врска со завршувањето на патниот правец низ Фаришката клисура, дел од експресниот пат Дреново – Градско. Од владејачката партија порачуваат дека кога СДСМ зборува за инфраструктурни проекти, граѓаните првин се сеќаваат на зурли, тапани и на чочек.

„Чочекот е единственото што СДСМ знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се потсетува на моментот кога, како што велат, „дружината на СДСМ со плехот влезе во тунелот при пуштањето на готовиот автопат Демир Капија – Смоквица“.

Оттаму тврдат дека опозициската партија ги кочела проектите што ги наследила, наведувајќи како пример дека автопатот Миладиновци-Штип бил готов, но „СДСМ го кочел 2 години бидејќи требало само да постависигнализација.

„Ама и не е човек да им се лути – толку знаат и толку умеат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека проектите не ѝ припаѓаат на ниедна партија, туку се реализираат за доброто на граѓаните.

Од партијата истакнуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е „посветена и интензивно работи на реализација на капитални инфраструктурни проекти“, наведувајќи го пуштањето во употреба на експресните патишта Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново, како и изградбата на најтешкиот дел од таа делница – Фаришката клисура.

Паралелно со тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се работи на Коридорите 8 и 10Д, а во план е и изградба на експресна пруга од Табановце до Гевгелија.

„Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги поставува и ги гради темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, заклучуваат од владејачката партија.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по изјавата на пратеникот на СДСМ, Миле Талески, кој тврди дека опозициската партија со посебно задоволство го одбележува завршувањето на патот низ Фаришката клисура – дел од експресниот пат од Дреново до Градско, нарекувајќи го „проект од огромно значење за Прилеп, Битола, Ресен и за целиот Пелагониски регион“.

– Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите на овој проект. Завршени беа 2 тунела со вредност од околу 6 милиони евра, асфалтирани беа над 95% од патот, изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија – рече тој.

Според него, проектот – вреден над 33 милиони евра и долг 10,2 километри – „го заврши Владата на СДСМ“, а ВМРО-ДПМНЕ „за цела една година успеа да санира едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, дел од сигнализацијата и од оградите“.

– И она најважното за нив – да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој – рече тој, но додаде дека сепак е добра вест што патот конечно е завршен и им се заблагодари на вредните градежни работници, инженери, проектанти и сите други кои работеле и учествувале во реализацијата на проектот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните протестираа против изградба на две мали хидроцентрали на Дошница – Не ја чепкајте природата
Следна Статија (ФОТО) Педофил снимал голи деца во Истра, камерите ги сокрил во пенкала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата не стивнува: Нов пораст на трошоците на живот за скоро 5 отсто

Инфлацијата во Македонија не стивнува, а најновите податоци на Државниот завод за статистика за март 2026 година покажуваат нов пораст…

April 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Занаетчиите против минимална плата од 600 евра: „Ова ризикува затворање на занаетчиските дуќани и отпуштања“

Зголемувањето на минималната плата ќе предизвика затворање на голем број занаетчиски дуќани и отпуштања на вработени, предупредува Занаетчиската комора. За…

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?