Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството

Објавено July 1, 2025 15:31
Сподели
Сподели

Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството. Тоа се вредностите што ги прифаќаме – сè друго е туѓо за ЕУ, и туѓо за нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со еврокомесарката за проширување, Марта Кос во рамки на лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст.

Мицкоски нагласи дека на Самитот, кој денеска се одржува во Скопје, Македонија влегува како држава со јасна насока.

-Нашите реформи не се декорација. Тие се потреба. И ние нема да чекаме некој да не’ турка. Ќе се движиме самите, со сопствената волја, со конкретен план и со јасна визија. Испорачуваме резултати, не затоа што тоа некој го бара од нас, туку затоа што тоа го заслужуваат нашите граѓани. Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот избор, нашиот пат, нашата определба. И затоа, благодарни сме за поддршката од Европската комисија, но уште повеќе сме решени сами да си помогнеме, да ги спроведеме реформите и да ја трансформираме државата, со инвестирање, со работа, со доверба во сопствените сили и со партнерство со ЕУ, нагласи Мицкоски.

Премиерот посочи дека денеска во Скопје се домаќини, но и партнери и сојузници на една заедничка визија, за регион што не се дефинира преку своите проблеми, туку преку своите можности.

-Визијата за Западен Балкан кој се приближува кон Европската Унија не со зборови, туку со дела, со реформи, со резултати, со интеграција што се чувствува во секојдневниот живот на граѓаните. Фактот што сме домаќини на овој лидерски самит е важна симболична потврда за нашата регионална и европска релевантност. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на политичкиот капитал кој го вложивме во стабилноста, реформите и конструктивниот пристап. Ова е признание за улогата што нашата држава ја има во градењето мостови и создавањето решенија, истакна Мицкоски.

Тој рече дека на денешните разговори се фокусирале на реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Нагласи дека за нас овој план не е формалност, туку алатка преку која ќе се трансформира државата.

-Ќе ги модернизираме јавните услуги, ќе го унапредиме образованието, ќе инвестираме во енергетска и дигитална инфраструктура. Ќе ја направиме државата вистински европска дома – пред да стане формално дел од ЕУ, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ја натепал сопругата во ноќен клуб
Следна Статија Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадата на САД потврди дека Агелер си заминува од земјава

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов

Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското…

May 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје ќе добие нова градска плажа

Со засилено темпо продолжуваат активностите за уредување на кејот на реката Вардар, проект кој Град Скопје го спроведува со цел…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО

До нашата редакција пристигна фотографии од МРТВ каде што еден од двата лифта не работи пренесува Сител.  Во зграда која…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?