Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од петок „One stop shop“ со Србија, се очекува многу побрзо поминување на граница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од петок „One stop shop“ со Србија, се очекува многу побрзо поминување на граница
МАКЕДОНИЈА

Од петок „One stop shop“ со Србија, се очекува многу побрзо поминување на граница

Објавено July 1, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Овој петок се очекува на граничниот премин Табановце-Прешево да почне да функционира „One stop shop“, интегрираниот граничен систем на Македонија со Србија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека од 4 јули таму ќе се контролира само влезот на луѓе и стоки во државата.

Со Србија, официјално ќе го ставиме во функција на крајот од оваа недела, мислам дека во петок договоривме да имаме церемонија на отворање и почеток на функционирање на овој начин на контрола на патници на граница. Сме во фаза на интензивни разговори и со Република Албанија, каде разговараме за два гранични премини, каде сметаме дека ќе се олесни движењето на граѓаните преку границите со новиот начин на контрола на патници таканаречен „One Stop Shop“, додаде Панче Тошковски.

Едноставно кажано, ние го штитиме нашиот влез, а полициски службеници од Србија ќе го штитам влезот во Србија, со тоа што ќе ги разменуваме информациите многу брзо. Драго ми е што со мојот колега за внатрешни работи од Косово го пуштивме во функција „уан стоп шоп“ навистина како што треба да функционира на двата гранични премини кои што ги имаме со Косово, објасни неодамна Тошковски.

Според Тошковски, се покажа дека ваквиот пристап кон решавање на проблемите за граѓаните е функционален, односно гужвите на граница кои што ги имало до пред месец дена, во Косово, веќе ги нема. Како што рече, многу побргу оди трансферот на нашите граѓани.

Секој од државите си го штити својот влез. Притоа воспоставивме една комуникација преку дигитални алатки, која што е навистина на високо ниво, со што го намаливме времето потребно за проверки и системот функционира така како што очекувавме. Успеавме да имплементираме современ граничен пристап и гранична контрола, додаде министерот.

Министерот денеска најави и дека Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалувањето на провизиите е индивидуална одлука на банките, но се разгледуваат опциите, велат од Банкарската асоцијација
Следна Статија Идентитетот не е само кујната, туку и Делчев, Сандански, Шапкарев: Мицкоски во услови без гаранции, очекува секаков инженеринг во ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митровски: „Како човек кој до пред две години редовно консумирал канабис, не сум сретнал некој да се лечи од канабис во Бигорски

Адвокатот Јанаки Митровски реагира на изјавата на родителите на Васо Јованов, кои рекоа дека нивниот син лечел зависност од Канабис…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?