Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“
МАКЕДОНИЈА

Активен е пожарот кај валандовско Грчиште, повредени двајца вработени на „Македонски шуми“

Објавено July 2, 2025 12:02
Сподели
Сподели

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Станува збор за пожарот кај селото Башиште на територијата на општина Прилеп и огнената стихија меѓу селата Грчиште и Марвинци во општина Валандово, а во овој регион пожар има и во општина Богданци, на потегот од браната Паљурци до селото Богданци, каде што горат ниска вегетација и грмушки.

Како што информираат од ЦУК, кракот кај селото Градешница во општина Новаци е ставен под контрола.

Дека пожарот кај селото Грчиште не е ставен под контрола, синоќа информира и заменик-директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Кире Михаилов, кој во објава на социјалните мрежи напиша дека вчера бил запрен налетот на огнената стихија која малку навлегла и во селото, поради што биле евакуирани жители.

Според него, пожарот има четири критични точки кои денеска треба да бидат покриени.

„За жал, во пожарот лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП ‘Македонски шуми’, при што на едниот му беше дадена кислородна поддршка, а другиот беше пратен во Општата болница Струмица за понатамошна помош“,вели Михаилов.

Тој додава дека во текот на денешниот ден приоритет ќе биде заштитата на селата Марвинци и Балинци, а потоа, како што вели, сè останато.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца пензионирани пилоти ќе ги летаат „ер тракторите“ во случај на пожари летово
Следна Статија Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошкиот масакар на Кожув

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид | ФОТО

Археолошки локалитет пронајден е во Охрид Волино.Во моментов местото кое е приватен имот е целосно затворен и видни археолози од…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски по повод 8 Септември: Вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста – 8 Септември. –…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?