Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најавени ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Најавени ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците
ЕКОНОМИЈА

Најавени ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

Објавено July 2, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки.

Министерот појасни дека кај основните производи за мај очекувано било зголемување на цената.

Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена.

-Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба, а ќе правиме напори до крај на годината да достигне максимум три проценти. Што се однесува до храната и пијалоците каде спаѓаат основите прехранбени производи имавме намалување на цената за време на мерката и зголемување во мај според податоците на Државниот инспекторат. Во наредните денови чекаме извештај и за јуни, како и податоци од Државен завод за статистика. Кога ќе ги споиме сите податоци ќе анализираме какво е однесувањето од страна на трговците, дистрибутерите и производителите, и ако имаме девијантно однесување или се случува енормно зголемување на цените ќе одиме со поригорозни мерки, или ќе одиме со помал процент на ограничување или ќе ги опфатиме скоро сите производители, рече Министерот.

Додаде дека кога е период на празници забележано е оти трговците ги зголемуваат цените на оние производи кои најмногу се трошат и дека во однос на тоа однапред биле преземени чекори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила
Следна Статија Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски: Македонската економија меѓу препораките на ММФ и геополитичките ризици

Минатонеделната анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) уште еднаш ја потврди комплексноста на економската ситуација во Македонија. Проектираниот раст од…

March 8, 2025

Клучни анализи на Вол Стрит: Големите технолошки компании под лупа

Преглед на најновите препораки и проценки на водечки финансиски аналитичари

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти,…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Не издавале фискални, а имале и други неправилности -УЈП казни 126 даночни обврзници

Управата за јавни приходи, во периодот од 01 до 30 ноември 2024 година, спроведе вкупно 907 контроли согласно Законот за…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?