Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот
МАКЕДОНИЈА

Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот

Објавено July 2, 2025 20:25
Сподели
Сподели

Koмесарката Марта Кос со вчерашната изјава барем за неколку проценти го крена евроскептицизмот кај македонските граѓани.

Таа се дрзна среде Скопје македонскиот идентитет да го спореди со јадења. Очекуваме кога ќе оди во Софија бугарскиот идентитет да го спореди со некои нивни јадења, српскиот идентитет со „роштиљ“ , а грчкиот со гиро и суфлаки.

Секако дека тоа нема да го направи. Од посетата на нехаризматичната Словенка се уверивме дека на ЕУ не и грижа за македонскиот идентитет и оти секако ќе застане на страната на Бугарија.

А за нас ќе остане пинџурот, погачата,тавче-гравчето полнетите пиперки. Ајварот не го спомена, можеби затоа што нејзината Словенија го патентираше како национален производ.

Кос добро знае дека македонскиот идентитет е македонскиот јазик и народ и оти тоа е она што Бугарија ни го негира. А полнетите пиперки и пинџурот се само македонски јадења и ништо друго.

Еврокомесарката вешто одбегна да одговори дали барањето да ги внесеме Бугарите ќе биде последно барање на офиијална Софија. Секако дека нема да биде, тоа ќе биде само првата отстапка што ќе треба да ја направи, по што ќе следи уште една, па уште една и така во недоглед.

Марта, јас не знам што е твојот словенечки иденитет, иако некогаш бевме во иста држава, но мојот идентитет е Гоце Делчев, Даме Груев, МПЦ, Сандански, Блаже Конески.. а не пиперките.

Марта Кос била соработник на УДБА?

Радио телевизија Словенија (rtvslo) минатата година пишуваше дека Марта Кос во минатото била соработник на југословенската тајна служба УДБА. Беше и објавено и нејзиното кодно име а таа демантираше.

Пред да станам амбасадор во Германија и Швајцарија бев проверена од нивните безбедносни служби. Доколку им штетев на интересите на Словенија никогаш немаше да работам во владата или да бидам амбасадор-изјави Кос за домашните медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“
Следна Статија (ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерството за култура: „Слушни ме“ не е филм за Слаткаристика, туку проект со силна општествена порака

Министерството за култура и туризам соопшти дека внимателно ги следи реакциите во јавноста поврзани со одлуката за поддршка на документарниот…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети семејството на Иле – херојот возач на Брзата помош кој цела ноќ спасуваше луѓе по пожарот во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува

Новата инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ е уште еден темел на економската доверба и јасен сигнал дека кога институциите се…

July 11, 2025
BlogМАКЕДОНИЈА

АНБ: Група поврзана со Исламска држава стои зад нападот врз Еврејската заедница во Скопје

Агенцијата за национална безбедност соопшти дека лицата поврзани со обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во…

May 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?