Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Луѓето родени во овој месец живеат најдолго
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Луѓето родени во овој месец живеат најдолго
ЗАБАВА

Луѓето родени во овој месец живеат најдолго

Објавено July 2, 2025 22:55
Сподели
Сподели

Бебињата родени во есен имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост отколку оние што се родени напролет, покажуваат резултатите од повеќе научни истражувања.

Според студија на Универзитетот во Чикаго, луѓето родени во месец октомври имаат најголеми изгледи да доживеат 100 години. Исто така, поволни показатели за долговечност имаат и лицата родени во септември и ноември. Од друга страна, оние родени во март, мај и јули се застапени со дури 40 отсто помал број стогодишници, споредбено со останатите месеци.

Дополнителни податоци од истражување спроведено на северната хемисфера покажуваат дека есенските бебиња во просек живеат подолго од пролетните.

Зошто токму октомвриските бебиња живеат најдолго?

Постојат неколку теории за оваа појава. Една од нив, како што објаснува доктор Несочи Океке-Игбокве, е дека есенските новороденчиња биле помалку изложени на сезонски болести и екстремни температури во текот на првите месеци од животот – што може да влијае на нивната долгорочна здравствена состојба.

„Можно е октомвриското раѓање да создава некаков заштитен ефект од сезонски инфекции што потенцијално можат да влијаат на долговечноста,“ вели д-р Океке-Игбокве.

Иако причинско-последичната врска сè уште не е целосно разјаснета, научниците утврдиле дека луѓето родени во октомври во просек живеат 160 дена подолго од оние родени напролет. Една од можните причини е оптималната изложеност на сончева светлина во текот на бременоста и раниот детски развој.

Што сè влијае врз долговечноста?

Секако, месецот на раѓање не е единствениот фактор. Начинот на исхрана, физичката активност, квалитетот на животната средина и избегнувањето на ризични навики – како пушењето – играат голема улога.

„Во суштина, долговечноста зависи од повеќе меѓусебно поврзани фактори. Но, постојат и мали, понекогаш неочекувани разлики, кои можат да придонесат некој да го доживее стотниот роденден,“ заклучува доктор Океке-Игбокве.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Следниот противник на Ноле има проблем со таткото
Следна Статија Кристијан Голубовиќ го предупредил Аркан дека му спремаат убиство!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Келнерка заработила 10.000 евра за две недели на Октоберфест

За две недели работа на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат меѓу 5.500 и 10.000 евра нето, а понекогаш…

October 7, 2024

Dispatch Dev AdHoc одговара на изјавата на Nintendo, вели дека има намера да го реши проблемот со цензурираната Switch содржина

Работиме веќе со Nintendo за иден план

February 1, 2026
ЗАБАВА

Млад инфлуенсер се кладел во милион долари за победа на Трамп и освоил куп пари (ФОТО)

Адин Рос (24), меѓународно популарен кик стример, се обложил на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Тој…

November 7, 2024
ЗАБАВА

Nitro Deck 2 за Nintendo Switch 2 достапен за претпорачување на Amazon со датум на издавање 1 мај

Ова може да биде најдобриот начин да играте на вашиот Switch 2, затоа еве како да обезбедите еден.

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?