Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По тавче-гравчето на Кос и Европскиот парламент ќе го тргне македонскиот јазик и идентитет од извештајот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > По тавче-гравчето на Кос и Европскиот парламент ќе го тргне македонскиот јазик и идентитет од извештајот?

По тавче-гравчето на Кос и Европскиот парламент ќе го тргне македонскиот јазик и идентитет од извештајот?

Објавено July 3, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Трите најголеми политички партии во Европскиот парламент – ЕПП, Социјалисти и социјалдемократи и Обновена Европа – се согласија да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Македонија, објави БГНЕС.

Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур да ги поддржи амандманите на извештајот на гласањето следната недела.

Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за Македонија во кој на  четири места директно се споменуваат „македонскиот идентитет и јазик“, тема што предизвика жестоки реакции од официјална Софија во изминатиот период. Во членот 2 од Извештајот, во една точка се наведува:

„(Европскиот парламент…) го повикува Европскиот совет да и даде јавна и недвосмислена поддршка на Македонија дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за влез во следната фаза од преговорите за пристапување по исполнувањето на условите од неговите Заклучоци од 18 јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет”.

Во истиот член, со усвоениот амандман во вторникот на 24 јуни, се наведува следното:

„Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на нацијата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјите и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации”. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Португалскиот фудбалер Диого Жота од Ливерпул загина во сообраќајка
Следна Статија Спиел со повеќе од 4000 жени, ги изневерувал и очекувал дете од секоја: Никој немал љубовен живот како „кралот на рокот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Објавени најпопуларните имиња за момчиња во Европа, во Македонија најчесто име е Лука

Фејсбук-групата The Language Nerds неодамна објави мапа на Европа, на која се прикажани најпопуларните имиња за момчиња во секоја земја на Стариот…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Ученик претепан од малолетници, префрлен е во болница

На 30.05.2025 година во 13:05 часот во СВР Тетово Г.Ш. од Тетово, пријавил нарушување на јавниот ред и мир во…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели кои на раце ги вадев, вели осомничен од обезбедувањето на дискотеката во Кочани

Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво за сите што не можев да ги спасам, рече…

March 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања

Министерот за здравство, Азир Алиу, на прашањето во неговото интервју за Алсат-М што се случи со ветувањето за вработувања во…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?