Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави нова инвестиција во автомобилската индустрија Гентерм
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски најави нова инвестиција во автомобилската индустрија Гентерм
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова инвестиција во автомобилската индустрија Гентерм

Објавено July 3, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Потенцира дека ова е уште еден показател оти земјава  станува сигурна дестинација за долгорочни стратешки технолошки напредни инвестиции. Со вакви проекти, нагласи, расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд.

-Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија кој покрај веќе постоеката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестнација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата, како што појасни, ќе извнесува повеќе од 30 милиони евар, со нови до 300 вработувања. Според премиерот, станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема автоматизирани линии и современо производство. Ова, смета тој, значително ќе го зголеми извозот, а тоа што станува збор за високо технолошко производство покажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа, нагласи премиерот, стануваме регионален хаб на Гентерм за Европа.

-Ова не е само уште една инвестиција ова е двигател на нашата економија. Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд. Резултатите се забележителни и се гледаат, истакна премиерот Мицкоски.

Потсети дека минатата година земјава ја заврши со рекордно највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1 милијарда 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата, нагласи, немало ваков прилив на капитал. Исто така, напомена дека во првите месеци од годинава расте индустриското производство, за во мај да се забележи историски највисоко нив во последната деценија во висна од 9,4 проценти

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Maнасков верен на Пелистер и Битола
Следна Статија Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов…

November 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи

Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

За економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт разговарале министерот Николоски и романската амбасадорка Аксинте

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?