Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преку Табановце ќе одиме со едно застанување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Преку Табановце ќе одиме со едно застанување
МАКЕДОНИЈА

Преку Табановце ќе одиме со едно застанување

Објавено July 4, 2025 18:07
Сподели
Сподели

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце – Прешево, помеѓу Србија и Македонија. Денеска, министрите за внатрешни работи на двете држави, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ ги потпишаа протоколите за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот.

Беа потпишани и протоколот за соработка за време на летната и зимската туристичка сезона кој го регулира меѓусебното испраќање полициски службеници за помош на туристичките места и настани во зависност од потребите, што веќе функционира во годините наназад.

На единствената контролна точка ќе се проверуваат документите и патниците непречено ќе го поминат преминот задржувајќи се на една контролна точка при влез.

Министерсот Панче Тошковски рече дека ветеното се остварува на дело и на почетокот на летната сезона се воведува поинаков систем на гранична контрола за побрз проток на граѓани, помалку чекање. Заблагодарувајќи се на српскиот колега, за вложувањето и преземањето на мерките за да се заврши во оваа фаза.

– Денеска официјално започнуваме со употребата на системот. Сигурен сум дека ќе се намали времето на чекање и ќе се забрза трансферот на патници на границата. Освен потпишувањето на протоколот којшто ги детализираше сите потребни факти за да функционира заедничкиот граничен премин, од македонска страна беше потпишан протоколот којшто би требало да овозможи размена на полициски службеници во рамки на оние туристички центри коишто ги имаме по потреба во рамки на одредени сезони. Да не потпишуваме засебни договори, протоколи, во рамки на еден генерален протокол го дефинираме начинот на заедничка соработка. Исто така, во текот на денешната средба со тимот од МВР од Србија, разговаравме и во насока на заедничка поддршка, помош поврзана со каква било кризна состојба во Србија и Македонија, рече Тошковски.

Македонскиот министер се заблагодари на поддршката на учеството на Србија во справувањето со ланските пожари, очекувајќи помал број пожари годинава и подобро справување, укажувајќи дека како соседни земји си помагаат и да понудат ресурси за надминување на предизвиците.

– Полициските службеници на земјата домаќин би биле овластени покрај влезната гранична контрола да ја завршат и излезната гранична контрола на соседната земја, односно се воспоставува таканаречен „One stop control“ на влезот на државата, изјави Дачиќ.

За време на годишните одмори, летната сезона, но и за време на празници токму на овој граничен премин има метеж. Претходно, властите потпишаа договор сега беше потпишан протоколот и во овој период нагласи српскиот министер ќе биде во тест фаза.

Министрите Тошковски и Дачиќ кажаа дека на ниво на директорите на полициите, потпишале и генерален протокол за меѓусебна поддршка во екот на летната и зимската туристичката сезона. Полициските службеници од двете држави ќе помагаат на пример во Охрид или за „Егзит фестивал“. Протоколот следува по веќе востановената пракса, помеѓу полициите од двете држави.

– Нашата соработка е исклучително добра и сакаме да ја продолжиме во сите сегменти, вклучувајќи ја и соработката во вонредни состојби како што се пожарите, рече Дачиќ, потсетувајќи и на примери на ангажирање на српски хеликоптер во гасењето на ланските шумски пожари во земјава.

Тој кажа дека добри резултати се постигнати и во борба против нелегалната миграција.

– Државната граница на Србија со Северна Македонија е најоптоварена точка кога е во прашање илегалната миграција. Во првите шест месеци регистрирано е намалување за 26 проценти на незаконските преминувања, споребдено со истиот период од минатата година, рече Дачиќ, најавувајќи и во иднина строга контрола и проблемот постепено да се намалува.

Одговарајќи на новинарски прашања за граничниот премин Лојане – Миратовац, двајцата министри кажаа дека не се задоволни од напредокот на инфраструктурата, најавувајќи дополнително ангажирање.

– И јас не сум задоволен, како и министерот Дачиќ од аспект на резултатите поврзани со тој граничен премин. Има доста слабости во делот на инфраструктурата. Се надевам дека и Србија и Македонија ќе бидеме фокусирани да може да одговориме на потребите на нашите граѓани, уште подобро, рече Тошковски.

Министерот Дачиќ рече дека при анализите покажале слаба реализација во однос на инфраструктурата за овој граничен премин, дека ќе настојуваат да се подобри состојбата во однос на инфраструктурата. Тој кажа дека токму на овој граничен премин преминувањата изнесуваат преку 90 проценти токму на Прешево-Табановце.

Во однос на користење на зелени картони, Тошковски рече дека секое прашање е важно кога се однеусва  подобрување на условите за граѓаните.

– Не би можел точно да ви одговорам на вашето прашање, но секое прашање коешто би требало да ги подобро условите како на македонските, така и на нашите соседи, секако дека е вредно да биде разгледано и ќе дадеме информација во однос на прашањето, рече Тошковски.

И граѓаните кои чекаа да преминат, се надеваат дека системот ќе функционира за да нема метеж, особено во летната сеозна и за време nа викедните и празничните денови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Членството на Украина во ЕУ нема да се случи
Следна Статија МВР апелира: Не отворајте сомнителни СМС пораки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината

Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна…

May 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?