Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција
СВЕТ

И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција

Објавено July 4, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Еден од најбараните криминални водачи во Шведска е уапсен во Турција во рамки на операција против трговија со дрога, соопшти шведската полиција.

Иако полицијата не го открива идентитетот на уапсениот, турската државна телевизија ТРТ јавува дека станува збор за 35-годишниот Исмаил Абдо, кој има двојно државјанство – шведско и турско.

Абдо се поврзува со најмалку 12 убиства во Шведска од 2023 година, вклучително и убиството на неговата мајка, за која полицијата смета дека е жртва на конфликт меѓу Абдо и поранешен сојузник.

Според ТРТ, Абдо е еден од 19 уапсени во широка акција против организирани криминални групи инволвирани во трговија со дрога и перење пари. Турските власти заплениле имот вреден околу 1,5 милијарди турски лири (околу 38 милиони евра).

Издадени се наредби за апсење за уште 21 лице, од кои четворица сè уште се во бегство, 14 се наоѓаат во странство, а тројца се веќе во притвор по други обвиненија.

Во Шведска апсењето на Абдо се смета за значаен успех на полицијата и на десничарската влада која дојде на власт во 2022 година со ветување дека ќе стави крај на криминалниот бран што ја тресе земјата повеќе од една деценија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР апелира: Не отворајте сомнителни СМС пораки
Следна Статија Света Гора ќе се реновира со пари од грчката влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Популарната жичница „Глорија“ во Лисабон излета од шините, 15 мртви и 18 повредени (ВИДЕО)

Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, вчера излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се…

September 4, 2025
СВЕТ

(Видео) Судир на танкери во Црното Море, едниот се преполови по ударот

Двa танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“ се судрија во Црното Море поради невреме, поради што се излеале нафтени деривати,…

December 15, 2024
СВЕТ

Тринаесетгодишно девојче ја избодела својата седумгодишна сестра

Тешко злосторство рано утринава го потресе германскиот град Лајпциг, каде според првите сознанија на полицијата и обвинителството, тринаесетгодишно девојче до…

October 26, 2024
СВЕТ

Бајден им дозволи на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден им дозволи на Украинците да го направат она што очајно го бараа со месеци…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?