Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Големи апсења во Куманово и Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Големи апсења во Куманово и Скопје
ХРОНИКА

Големи апсења во Куманово и Скопје

Објавено July 4, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници врз основа на обезбедени судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово со цел целосно разоткривање на лицата и нивните активности кои траеле подолг временски период.

При претресите на неколку локации беа пронајдени околу 6 килограми амфетамин, но и повеќе таблети, пакувања со растителна материја, како и други предмети кои се предмет на вештачење по наредба на јавниот обвинител.
Предистражната постапка траеше неколку месеци, а дел од доказите беа обезбедени со примена на посебни истражни мерки.

Согласно обезбедените докази, постои сомнение дека тие заедно со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што претходно неовластено набавувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетамин, кој е класифициран во Националната Листа II на контролирани психотропни супстанции, како и 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA)-психотропна супстанца, класифициран во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Света Гора ќе се реновира со пари од грчката влада
Следна Статија Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сите дојави за бомби во училиштата биле лажни

 Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени бомби…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Градежен работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба,…

July 11, 2026
ХРОНИКА

Тројца тинејџери од Скопје украле книги од Државниот архив на Македонија

Лишени од слобода крадци во Скопје кои украле книги во сопственост на Државниот архив на Македонија. Украденото е пронајдено и…

January 6, 2026
ХРОНИКА

Малолетничка била сексуално експлоатирана во Тетово -Кривична пријава против пет лица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?