Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување
ЗАБАВА

Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување

Објавено July 6, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Во очи празникот жените плетат венчиња од цвеќе и навечер ги ставаат пред влезната врата. Ако венец од иванското цвеќе осамне на празникот пред куќата, се верува дека семејството ќе го заштити од сите тешкотии.

Свети Јован, кого утре го празнуваме, познат бил како тревар, бидејќи живеел скромно и се хранел со она што се наоѓа во природата. Овој голем празник познат е по иванското цвеќе од кое се плетат венчињата. Верувањето вели дека воочи Иванден треба да се набере јовановата трева и во неа да се вплете ајдучка трева, мајчина душица, вртика и лук, а сето тоа да се врзе со црвен конец. Наместо црвен конец некои вплетуваат црвено цвеќе, од кое се е поубаво.

Венчето се закачува вечерта пред Иванден за да ве чува од се лошо.

Се верува дела и водата на има волшебна моќ, па многумина се бањаат во реки и езера.

За Иванден велат дека е празник на девојките бидејќи младите жени палат ивански огнови, берат цвеќе и трева, пеат и плетат венци, а се разидуваат во самата зора.

Се верува дека жените кои не можат да родат треба да се провлечат низ венец од јованова трева, а потоа да се избањаат во река, како од себе би си го измила урокот. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски ги открива трите крупни проекти кои ќе ги реализираат заедно со „новиот градоначалник Ѓорѓиевски“
Следна Статија Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

IO Interactive го одложи видео играта за Џејмс Бонд ‘007: Прва Светлина’ за уште два месеци

IO Interactive ја одложи објавата на видео играта за Џејмс Бонд '007: Прва Светлина' со цел да обезбеди највисок квалитет

December 25, 2025
ЗАБАВА

Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго

По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор…

March 13, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Италија избра песна што ќе ја претставува на Евровизија, Оли е победникот на годинешното „Санремо“

Пејачот Оли победи на Санремо 2025 година со песната „Balorda Nostalgia“, откако гласовите на новинарското жири, радио жирито и телевизиското…

February 16, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Внуката на Доналд Трамп покажа како изгледа неговиот авион, а ова ги насмеа луѓето

Каи Трамп, 17-годишната внука на Доналд Трамп, неодамна на својот канал на YouTube покажа како изгледа внатрешноста на неговиот луксузен…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?