Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: БРИКС развива сопствен систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > БРИКС развива сопствен систем
Blog

БРИКС развива сопствен систем

Објавено July 7, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Лидерите на земјите од БРИКС се согласија да започнат пилот-програма за воведување на заеднички гарантен механизам, со цел зголемување на стратешките инвестиции во членките и поширокиот Глобален Југ, според финалната Декларација од самитот одржан во Рио де Жанеиро.

Според документот, иницијативата ќе биде развиена во 2025 година во рамките на Новата банка за развој (НБР) и ќе се базира на постојното меѓународно искуство, а акционерите нема да уплатат дополнителен капитал, пренесува РИА Новости. Резултатите ќе бидат презентирани на следниот самит на БРИКС во 2026 година. „Целта на оваа иницијатива е да се понудат индивидуални гарантни инструменти за намалување на ризиците и зголемување на кредитниот рејтинг на клучните инвестиции во земјите на БРИКС и Глобалниот југ“, се наведува во Декларацијата.

Фокусот на Механизмот за меѓубанкарска соработка на БРИКС на промовирање на иновативни финансиски практики, вклучително и поддршка на финансирањето на проекти во националните валути на земјите-членки, беше исто така поздравен. Лидерите на БРИКС дополнително ги задолжија министрите за финансии и гувернерите на централните банки да продолжат да работат на разгледување на можноста за воспоставување сопствена инфраструктура за прекугранични плаќања, вклучително и иницијативата БРИКС „Клир“ – независна прекугранична инфраструктура за порамнување и депозити. Оваа идеја за прв пат беше официјално спомената за време на претходниот самит во Казан, како одговор на зголемените барања за поголем финансиски суверенитет и намалена зависност од западниот финансиски систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат
Следна Статија Во среда Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија, собра рекордна сума на готовина

Готовината и државните акции на Беркшир Хатавеј, контролирани од еден од најголемите светски претприемачи, Ворен Бафет (94), достигнаа рекордни 334…

February 25, 2025
Blog

Ќе се изненадите што се’ ќе биде направено со вештачка интелигенција, најави директорот на „Гугл“

Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи, откри што можеме да очекуваме од „Гугл срч“ (Google Search) следната година и се…

December 7, 2024
Blog

Исланд ја скрати работната недела и оствари голем економски раст

Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите,…

October 26, 2024
Blog

Белград на вода држи рекорд: Метар квадратен платен 9.125 евра

Пазарот на недвижности во Србија во вториот квартал од 2024 година бележи благ пораст на активноста, соопшти Републичкиот геодетски завод…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?