Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот
ЗДРАВЈЕ

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Објавено July 7, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја истакна неопходноста од итни чекори, но и промена на начинот на размислување во општеството.

Како дел од предвидените владини мерки, Стаменкоска-Трајкоска зборуваше за шест бесплатни инвитро процедури, стимулација за прво и второ дете, како и даночни олеснувања за мајките.

„Мајката ќе биде ослободена од персонален данок на доход една година за првородено дете, две години за второ родено дете, а за трето и повеќе – секоја година, сè додека првото дете не стане полнолетно“, прецизираше таа.

Рече дека Македонија повеќе од деценија е во фертилитетна рецесија. Повеќе од една деценија бројот на новородени рапидно се намалува, а само за последните четири години Македонија изгуби еден град со големина на Кавадарци.

Според официјалните податоци што ги презентираше, ако во 2016 година биле родени 23.000 деца, во 2024 година бројката паднала на 16.737. Тоа значи дека за само осум години, годишниот број на новородени се намалил за над 9.000.

„Во 2024 година родени се 16.737 дечиња, а починале 20.187 луѓе. Тоа значи дека починале 3.500 луѓе повеќе отколку што се родиле“, предупреди Стаменкоска Трајкоска, додавајќи дека демографските трендови се алармантни.

Таа потсети дека во 1950 година стапката на фертилитет била 5.7, додека денес е 1.5 – што е четири пати помалку. За да постои природен прираст, потребно е стапката на фертилитет да биде најмалку 2.1.

На крајот, подвлече дека политичарите и институциите имаат обврска да ја отворат јавната дебата и да ги поддржат сите напори за зголемување на наталитетот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера пресече дека нема да се воведе данок за немажените и неженетите, откако претходно ја спомена таа можност, како насока на која Владата размислува. Вчера целосно ја отфрли ваквата идеја, коментирајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кумановецот Прпарим е кандидат за градоначалник на Цирих
Следна Статија Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Цел тим на обвинители требаше да влезе на Онкологија

Аферата Онкологија ќе остави многу тешки последици во македонското здравство и уште долги години ќе го обременува и ќе ги…

January 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една…

October 22, 2024
ЗДРАВЈЕ

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Во рамки на платформата во Владата – „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за…

November 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

Во најурбаните општини има најнизок опфат на вакцинација

Важно да се подигне свеста за сето она што претставува превентива и имунизација. Ниту еден родител не треба да се…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?