Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија
ЕКОНОМИЈА

Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија

Објавено July 7, 2025 23:15
Сподели
Сподели

Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Македонија, започнувајќи од 1 јули 2025 година.

Во својата нова улога, Межеван ќе го предводи ангажманот на Светска банка во Косово и Северна Македонија, во спроведување на Рамките за партнерство со земјите. Овие рамки ги поддржуваат двете економии во нивните напори да создадат попродуктивни работни места, да го подобрат квалитетот на јавните услуги и да го поттикнат развојот на човечкиот капитал, со крајна цел забрзување на одржлив раст и приближување до нивоата на приходи во Европската Унија.

„Чест ми е што ја преземам улогата на директорка на Светска банка за Косово и Северна Македонија и што имам привилегија да им служам на луѓето“, рече Карол Межеван, директорка на Светска банка за Косово и Северна Македонија, при преземање на новата должност. „Развојната агенда за овие две земји е јасна: треба да им обезбедиме на луѓето можности за работа и продуктивно да придонесеме за економиите за да можат да растат и да напредуваат во корист на цели општества.“

Карол Межеван, француска државјанка, има повеќе од две децении искуство во Светската банка, на која ѝ се придружи во 2002 година. Таа водеше сложени операции ширум Африка, Латинска Америка и Северна Африка, со силен фокус на меѓусекторски развој и управување. Неодамна, таа беше раководител на програмата за програмата Планета во регионот Магреб, со седиште во Рабат, Мароко. Таа има две магистерски дипломи, една по земјоделска економија и друга по економија на животна средина/природни ресурси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
Следна Статија Денес почнува дебатата за Предолг-извештајот на Вајц за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на…

May 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и…

January 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) За влакно избегната тепачка во Собрание – буџетот ги скара Битиќи и Стојановски

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за…

November 15, 2024

Warner Bros одбива преземање на Paramount и им препорачува на акционерите да се фокусираат на Netflix понудата

Warner Bros ги одбива понудите за преземање и им дава јасни совети на своите акционери

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?