Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
БАЛКАН

ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза

Објавено July 8, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни и настапи, денеска соопшти дека остро го осудува секој израз на фашизам кој потсетува на најмрачните периоди од европската историја.

Комисијата потсети и дека земјите членки на Европската Унија се обврзани кривично да го санкционираат говорот на омраза.

Ова е одговорот на ЕК на хрватскиот портал Индекс, на прашањето како реагира на извикувањето на поздравот „За дом спремни“ на концертот на Томсон и на друга усташка симболика која со песни и симболи ја истакнуваа некои од посетителите на концертот одржан во Загреб, но и на изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој по концертот го бранеше изворно усташкиот поздрав „За дом спремни“ со зборовите дека тоа е „интегрален дел од репертоарот на Томсон“ и оти „сите мора да бидеме горди на концертот“.

На ниво на ЕУ постои Рамковна одлука за борба против расизмот и ксенофобијата, со која земјите членки се обврзани кривично да го санкционираат говорот на омраза. Тоа вклучува јавно поттикнување на насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја на кожа, вера, потекло или национална односно етничка припадност, наведува ЕК во соопштението.

Се потсетува дека земјите членки се обврзани кривично да го гонат и јавното одобрување, негирање или грубо намалување на злосторства како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

За секоја поединечна пријава за говор на омраза или злосторства од омраза надлежни се националните власти, кои се должни да постапуваат во согласност со националното законодавство со кое ја презеле оваа Рамковна одлука, наведува ЕК.

Марко Перковиќ Томсон е познат по глорифицирањето на усташтвото во своите песни и настапи, на кои често го извикува „За дом спремни“, официјален поздрав во нацистички ориентираната Независна Држава Хрватска и кој се смета за еквивалент на нацистичкиот повик „Зиг хајл“.

Концертите на Томсон досега беа забранети во Холандија, Германија, Швајцарија и Словенија, држави кои го опишуваат како промотор на неонацизмот и усташтвото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците на дното по конзумирање чоколадо
Следна Статија Пожарникар тешко повреден кај Бразда, паднал од четирицикл

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ го доби спорот против Шпигел за „Сараево сафари“

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) наведува дека имал увид во одлуката на судот и пишува дека Покраинскиот суд во Хамбург донел…

June 1, 2026
БАЛКАН

Хотелите во Будва бараат 5.000 сезонски работници

Со приближувањето на летната туристичка сезона, хотелите на црногорското приморје повторно се соочуваат со истиот проблем – недостиг на работна…

March 16, 2026
БАЛКАН

Почина извлечената девојка од урнатините, таа е 16 жртва во несреќата која се случи во Нови Сад

Девојката која била тешко повредена во ужасната несреќа која се случи денеска на железничката станица во Нови Сад им подлегнала…

November 1, 2024
БАЛКАН

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Москва, денеска демантираше дека побарал руско државјанство. Ниту побарав државјанство на…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?