Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа
ХРОНИКА

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побарани притворски мерки за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Објавено July 10, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ЈО.

Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.

Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск се соочува со можеби најголеми проблеми досега: Не прекинува, навредува се по ред
Следна Статија Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина откако примил терапија во болницата: Доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња

олициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и…

November 2, 2025
ХРОНИКА

Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице (Стојанче Јовановски) на кое му се ставаат на…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?