Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Власта има обврска да сподели информации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Власта има обврска да сподели информации
ПОЛИТИКА

Филипче: Власта има обврска да сподели информации

Објавено October 9, 2024 13:05
Сподели
Сподели

Покажуваме конструктивност по прашањето на продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал, не гледаме одговор од премиерот Христијан Мицкоски во таа насока, изјави денеска  лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи ги случувањата на процесот на евроинтеграциите на државата. 

„Нашата идеја и иницијатива за собраниска седница е поради тоа што Собранието е местото каде се носат таквите одлуки. Потоа, многу најави има премиерот за некаква поддршка од некои држави за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграциите. Но, сето тоа е некако обвиено со мисерија и не знаеме никакви детали“,рече тој.

Според него, премиерот има обврска тоа да го соопшти, прво пред народните избраници во Собранието, а потоа и на граѓаните.

„Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко право, ниту етичко, туку напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави дека наводно има некаква поддршка да се донесат некакви уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека вооопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за тоа. Тие конфузни изјави во Владата што оставаат впечаток дека владее беспреспективност, мора да се расчистат во Собранието“,вели Филипче.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче минатата недела упати барање до премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена собраниска седница на која ќе го презентира планот за следните чекори за евроинтегративниот процес, а премиерот Христијан Мицкоски одговори  дека кога ќе има нови детали или барем некој напредок во односот со Бугарија, ќе ја информира опозицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници
Следна Статија Работи што можеби не ги знаете за Нобеловата награда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костадинов по оставката на Земон: Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација

По само неколку месеци, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука…

May 23, 2026
ПОЛИТИКА

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општина, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за…

December 8, 2024
ПОЛИТИКА

Пендаровски: Овој договор со Обединетото Кралство не е договор!

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?