Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем. Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите.
Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од Сонцето. Во мигов, телото може да се види само со помош на многу моќни телескопи и е речиси исто толку далеку од Земјата колку и Јупитер, според првичните наоди претставени денеска на националниот состанок на Кралското астрономско друштво на Велика Британија во Дархам. Ова е само трет вакв откриен објект со потекло вон нашиот планетарен систем.
- Сите сме многу возбудени за „3-И / Атлас“… Брзината на кометата посочува дека е стара повеќе од седум милијарди години и дека можеби е најзначајниот „меѓуѕвезден посетител“ досега, изјави астрономот Метју Хопкинс.
Научниците веруваат дека, бидејќи „3-И / Атлас“ веројатно се обликувал околу постара ѕвезда, таа комета е составена од голема количина воден мраз. Ова значи дека како што се приближува кон Сонцето подоцна оваа година, топлината од нашата ѕвезда ќе ја загрее површината на телото, па така би можело да се создаде и карактеристичната светлечка опашка зад него.