Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ по поразот од Синер: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓоковиќ по поразот од Синер: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено…
СПОРТ

Ѓоковиќ по поразот од Синер: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено…

Објавено July 12, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ годинава настпот на Грен слемот во Лондон го заврши во полуфиналето. Поуспешен од него беше Јаник Синер со 3:0 во сетови и за Италијанецот ова беше петта победа над Србинот во серија. 

Ѓоковиќ во мечот влезе со повреда од четвртфиналето и со пропуштен тренинг ден пред мечот, а по вториот сет му беше укажана и медицинска помош. 

– Нема да се жалам на повредата, едноставно Синер беше подобар и заслужи пласман во финалето. Разочаран сум дека не можев добро да се движам. Не сметам дека беше лоша среќа, едноставно тоа се годините, телото е истрошено,… Колку турнирот трае подолго толку ми е потешко, еве играв полуфинале на сите грен слем турнири годинава. Потоа следува меч со Алкараз или Синер, тие се помлади подготвени, побрзо „се враќаат“ по одиграниот меч. Внимавам на телото, но тука се и повредите, изјави Ѓоковиќ.

Во однос на неделното финале Ѓоковиќ, предност му дава на Шпанецот Карлос Алкараз против Синер, поради двете титули кои ги има на Вимблдон. Но, сепак очекува неизвесен финален меч.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД
Следна Статија Фидановски: Иселувањето, не наталитетот, ја празни Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Австралија опен. Во првото коло, со мали проблеми, го победи 107. играч на АТП листата,…

January 13, 2025
СПОРТ

Минесота се пласираше во финалето на плејофот во Западната конференција, Бостон ја продолжи серијата со Њујорк (ВИДЕО)

Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот на НБА, на кои победија домаќините. Минесота го победи Голден Стејт со 121-110…

May 15, 2025
СПОРТ

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос…

July 14, 2025
СПОРТ

“Зеница блуз“ за Италија во вторник (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина на пенали го обеди Велс и се пласираше во финалето на баражот за СП. Мечот ќе се…

March 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?