Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Објавено July 12, 2025 18:33
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети малата галерија „Откритие“ во Скопје, која под водство на невладина организација се посветила на зачувување, документирање и промовирање на богатото минерално наследство на Република Македонија.

Во рамките на посетата, министерката Божиновска нагласи дека македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство. Таа истакна дека е време не само ентузијасти, поединци и невладини организации да го промовираат овој уникатен камен, туку и државните институции активно да се вклучат. Министерството веќе работи на координирање на сите релевантни институции – заедно со Геолошкиот завод на Македонија – со цел македонскиот рубин да добие официјален статус на заштитено национално минерално наследство.

Посетата беше збогатена со присуството на амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, како и на Грегоар Егороф, претставник на Националниот музеј за природни науки во Париз. Господинот Егороф на галеријата и донесе ретки примероци на камења и минерали од Франција – меѓу кои и каменот со кој се изградени катедралата Нотр Дам и Елисејската палата – а како автор на книга за минералите на Европа, најави дека размислува во следното издание да го вклучи и македонскиот рубин.

На настанот присуствуваше и директорот на Геолошкиот завод Ивица Андов, кој даде стручна поддршка за иницијативата и ја нагласи научната вредност на рубинот.

Посебен впечаток остави долгодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко, кој детално ја раскажа историјата на секој примерок и ја претстави изработката на уметнички клуч во кој се вградени македонски рубин, амазонит и сите други минерали од нашето тло. На прашањето на амбасадорот Ле Риголер што симболично „отвора“ овој клуч, одговорот беше: „Срцето на македонскиот народ, а ако сакаме – и тајните на нашата преубава земја.“

Македонскиот рубин, познат и како корунд со карактеристична црвена боја, е геолошки уникатен: се наоѓа единствено во околината на Прилеп и во планините околу Мариово и е единствен рубин во Европа кој природно се вади и обработува. Освен естетската и колекционерска вредност, тој е дел од културното и историското наследство на нашата земја.

Министерката Божиновска порача дека ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство – како дел од националниот идентитет и нашата природна гордост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куќен притвор и мерки за претпазливост за лицата осомничени дека ја нападнаа Арсовска
Следна Статија Рекорд во Москва – регистрирани 34,6 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Небезбедна храна на секој чекор- лани биле уништени 355.377 килограми

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на…

January 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Десет фирми за пет години добиле тендери за една милијарда евра

Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка,…

November 3, 2025

Софтверски пазар на мечка: 3 акции со потенцијал за раст од 47% до 63%, според Волстрит

Многу аналитичари од Волстрит сè уште веруваат дека софтверските бизниси се стабилни

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?