Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба

Објавено July 13, 2025 23:04
Сподели
Сподели

Три лица, меѓу кои 11-годишно дете, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на експресниот пат Прилеп-Градско, кога автомобил излетал од патот.

Според наводите на Јавното обвинителство, сообраќајката се случила кога автомобил марка „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина налево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Тешко повредени се возачот на автомобилот и 11-годишно дете кое е во критична состојба. Поради сериозноста на повредите тие се пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На третиот сопатник во автомобилот, кој е полесно повреден, укажана му е лекарска помош во болницата во Велес.

„Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување“,информираат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во скопско Злокуќани – се запали куќа, во огнот се зафатени уште три
Следна Статија Синер е новиот шампион на Вимблдон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Штипјанец фатен со 4.333 париња на пиротехнички средства

Четириест и седумгодишен штипјанец синоќа е лишен од слобода, откако на неговата тезга на Градскиот плоштад „Слобода“ биле најдени 1.340…

December 9, 2025
ХРОНИКА

Мајка и дете нападнати во Аеродром

На 20 септември 2025 година, во 21:00 часот, во СВР Скопје 33-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека неговата сопруга В.А.…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Две малолетнички се степале во Кичево, повикани на разговор нивните родители

Две малолетнички вчераутро се степаа на кејот на реката Сушица во Кичево, извести полицијата. Направени се разговори со нив во…

February 8, 2025
ХРОНИКА

Ова е „бе-ев-вето“ што дрифташе низ Кавадарци

На 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?