Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
СВЕТ

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина

Објавено July 14, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.

-Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите.

-Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни, бидејќи Путин изненади многу луѓе. Тој зборува убави работи, а потоа бомбардира. Постои еден мал проблем, а тоа е што не ми се допаѓаат такви работи. Во основа, ние испраќаме разни парчиња софистицирана воена опрема во Украина. Тие ќе ја платат целата цена за тоа, бидејќи така ни одговара, рече Трамп.

Зборувајќи за потенцијален договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Трамп изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела.

-Преговорите се во тек и се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор до крајот на неделата, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека разговарал со заменик-директорот на американското ФБИ, Ден Бонгино, за да го намали незадоволството на јавноста од тоа како Министерството за правда на САД го заврши случајот со обвинувањата против Џефри Епштајн и неговиот наводен список на клиенти.

На прашањето на новинарите дали Бонгино ќе остане на таа позиција, Трамп одговори позитивно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
Следна Статија Челзи до трофејот Светски клупски шампион (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Екс-агент на ЦИА си присвоил над 300 златни прачки вредни 40 милиони долари

Поранешен вработен во американската разузнавачка служба ЦИА наводно проневерил златни прачки и друг имот во вредност од милиони долари во…

May 29, 2026
СВЕТ

Орбан му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија

Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на изборите. Тој го призна поразот на…

April 13, 2026
СВЕТ

44 загинати и над 160 повредени откако се урна кров во дискотека во Доминиканска Република

Во еден од најпопуларните ноќни клубови во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, вечерва се случи незапаметена трагедија. Најмалку…

April 8, 2025
СВЕТ

Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранил од функцијата Лиса Кук, гувернерката на Федералните резерви (ФЕД), обвинувајќи ја дека…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?