Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ
МАКЕДОНИЈА

Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ

Објавено July 14, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Пет активни пожари на отворен простор има денеска на територијата на Македонија. Пожарот кај селото Николич, Општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, и натаму е на врвот од приоритетите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарот во Општина Чучер-Сандево, во близина на селото Горњани, каде што, исто така, гори нискостеблеста шума. Се вложуваат напори да се изгасне и пожарот кај селата Џидимирци и Крушје во Општина Велес, каде што гори мешана шума. Во Општина Липково, кај селото Отља, гори деградирана ниска вегетација, а во Македонски Брод се запалени и горат дабова шума, грмушки и трева на просторот помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина.

Според информации на Центарот за управување со кризи, денеска се изгаснати и се држат под контрола пожарите кај населбата Три Багреми во Прилеп, кај виничкото село Драгобрашта, селото Војшани во Општина Демир капија и селото Франгово во Општина Струга.

Надлежните велат дека голем број од пожарите се подметнати, иако некои се резултат на превисоките температури што владеат деновиве. Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека се споделуваат снимки во јавноста од кои се гледа дека лица потпалуваат пожари, како што е видеото во Делчево на кое се гледа дека човек потпалува пожар, а потоа бега од местото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Можни се рестрикции на вода во Скопје
Следна Статија Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе реагираме, разочаран сум кажа Муцунски за 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија

Министерството за надворешни работи подготвува соодветна дипломатска реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави

Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. -Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави. Ова…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ченто и порача на Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа,…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?