Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема
ЗДРАВЈЕ

За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

Објавено July 14, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Како на време да се открие рак на дојка или на грло на матка за да има шанси да се победи во битката за живот, кога на државно со месеци нема термин за снимање, а и да се најде, ќе поминат месеци за да се добие резултат?
Ова прашање се поставува особено по извештајот на Државниот завод на ревизија за 2023 година во кој се нотира дека скрининзите за рана детекција за кои се трошат пари, се прават бесцелно, или народски кажано „за џабе“, бидејќи на пример, за откривање на рак на грло на матка од 2023- тата, Министерството не знае ниту колку жени се поканети на прегледите, а ниту кај колку од нив е дијагностициран канцер, а и околу една третина од оние кои направиле ПАП тест, воопшто не ни добиле резултат, објави Канал 5.

Во извештајот стои негативна оценка и за скринингот на рак на дојка. Се нотира дека потенцијалните малигни заболувања не можат да се откријат на време ако околу 70% од тестираните, резултати чекале повеќе од месец.

Од Здружението „ХЕМА – ОНКО“, велат дека не може да има борба со канцерот на дојка без соодветна скрининг програма. Во скринингот мора да биде вклучена целата популација, а на државата, неоходна и е долгорочна стратегија, вели Ана Марјановиќ.

-Нема борба против канцерот на дојка кој е во подем без соодветна скрининг програма.

Ние се бориме ехо прегледите да бидат задолжителни од триесеттата година, а мамографијата да биде задолжителна од 35-тата година. Додека не се направи долгоречен план и следење пет до десет години скрининг програма која ќе трае, резултатите од скрининг програми нема да се видат. Во нашата земја има и втор проблем кој се појавува со приватното здравство, што не е дел од целокупната скрининг програма.- Ана Марјановиќ.

Голем број од пациентките се принудени да одат на приватно бидејќи на државно вообичаено, особено во Скопје, нема термини. Во дел од специјалнистичките ординации кои се приватни само за ехо ќе платите 3.000, а мамографија посебно е 4.000 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија изгубила 11,4 отсто од населението од 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија
Следна Статија Кардел со порака да се искористи моментумот за членство во ЕУ, Милошоски забележа дека истата фраза ја слушаме 20 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште се во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум…

June 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Апел за помош на Александар Велески за лекување во институтот Атлантис во Белгија

Семејството на Александар Велески, кој од самото свое раѓање се соочува со тешки здравствени предизвици – церебрална парализа и паркинсонова…

July 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за мобилни телефони за да купат клими за болничките соби

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус,…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?