Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко

Објавено July 15, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Денеска во владата се одржа седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Во прилог интегрален текст од изјавата на претседателот на владата, проф. др. Христијан Мицкоски, по извештајот на ГРЕКО:

„Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста на државата. Денешната седница ја третираме не само како координациска, туку како суштинска точка во еден поширок напор: напор да создадеме систем што ќе ги препознава ризиците на време, ќе реагира ефикасно и ќе обезбеди долгорочна заштита на граѓаните.

Насилниот екстремизам и тероризмот не се само закани по безбедноста- тие се индикатори на подлабоки слабости во системот. И затоа борбата со нив не може да биде изолирана, туку мора да се води паралелно со јакнење на институциите, на правната држава и на јавната доверба.
Воедно во оваа прилика дозволете ми да се осврнам на една блиска, но многу важна тема. Тоа е борбата против корупцијата.

Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција.

Корупцијата не беше појава – беше правило. Правдата беше селективна. Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните. Тоа беше сликата која ја наследивме. И затоа, една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше токму борбата против високата корупција.

Во таа борба, денес имаме и прва поголема потврда од меѓународната заедница.

По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО кок вчера беше објавен е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира.

ГРЕКО потврди: Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост.

Со затворањето на постапките за усогласување, Групата на држави против корупција на Советот на Европа испрати јасна порака: дека постојат видливи резултати, конкретни подобрувања и силна политичка волја за прекин со старите практики.

Ова не е само административно признание- ова е институционална пресвртница.
Првпат по долго време, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата.

Тоа ни дава поттик, но уште повеќе носи одговорност.

Борбата против корупцијата не е декларација туку системска промена што сега добива и меѓународна потврда.

Почитувани,

Знаеме дека екстремизмот, радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба, а институциите се корумпирани. Затоа, нашата стратегија е јасна:

градење на сигурна држава, со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.

Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент. И очекувам од сите учесници, безбедносни, општествени, образовни и локални да дејствуваат координирано, без одлагање и без калкулации.

Продолжуваме со иста сериозност, без еуфорија, но со целосна трезвеност.

Затоа што борбата за стабилна, сигурна и правична Македонија не се добива со зборови, туку со дела.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
Следна Статија За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Во рок завршува рехабилитацијата на патот Охрид – Св. Наум

Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Со инвестиција од 11 милиони евра, доделуваме опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад

Од рано утринава е во тек координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на Детска клиника: Почина 14-месечно бебе

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?