Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп
ПОЛИТИКА

Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп

Објавено July 15, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или на приватен факултет, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало, информираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Станува збор за предлог закон со кој се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп – пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата.

Како што вели Попов, оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни решенија, а не на празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања.

„Средствата потребни за оваа намена се обезбедени и веќе се дел од државниот буџет, а институциите се подготвени да помогнат во брзата, транспарентна и ефикасна реализација на оваа мерка. Нашата цел е искрена и јасна, а не само декларативна: со дела и проекти, покажуваме дека секој студент мора да има еднаква шанса за пристап до модерно образование. Да учи, да твори, да напредува – за доброто на Македонија и идните генерации. Како уште една од низата мерки за младите, со гордост можам да ви ветам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави работи, мерки и проекти кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина. Иднина, која ќе ја предводиме ние како млади луѓе – иднина за нас, но и за генерациите кои доаѓаат по нас, истакна Попов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник за Скопје, ги одбил и Ралев и еден скопски адвокат
Следна Статија Откорнат лим од зграда во изградба во центарот на Скопје утрово повреди велосипедист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зајкова: ЛДП не ја напушта коалицијата со СДСМ, но делува независно

Претседателката на ЛДП, демантира дека партијата ќе ја напушти коалицијата со СДСМ. Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да…

October 30, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850.000 евра?

Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

 Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните…

June 9, 2025
ПОЛИТИКА

Ристески: За пратениците на Левица петок бил неработен ден, лицемерието на Фејсбук патриотите на површина!

Ова се празните места каде што треба да седат пратениците Левица. Еве како се зема плата без работа и без…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?