Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран
МАКЕДОНИЈА

Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран

Објавено July 15, 2025 17:05
Сподели
Сподели

Од вкупно пријавени девет пожари на отворен простор ширум земјава, пет пожари се активни и тоа пожарот во општина Дојран кај селото Николиќ, кај велешкото село Крушје, пожарот во општина Македонски број помеѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, понатаму пожарот во општина Гази Баба кај селото Раштак кон Љуботен, како и пожарот во општина Сарај.

Како што информираа денеска на заедничка прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Аљи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во пожарот кај дојранското село Николич интервенираат Противпожарната единица на Валандово, двата Ер трактори на ДЗС и доброволното противпожарно друштво на Дојран. Во пожарот кај с. Крушје, велешко, беше посочено дека покрај Протипожарната единица – Велес, интервенираат и 30 припадници на Армијата, додека пак, во пожарот кај Македонски брод интервенира локалната Противпожарна единица и ЈП Македонија пат.

Во врска со тоа за колкава површина изгорена шума станува збор во досегашните активни пожари, директорот на ДЗС, Ангелов, вели најдобар одговор на ова прашање може да дадат надлежните од Јавното претпријатие Национални шуми.

Поголемиот дел од пожарите, Ангелов посочи дека се одвиваат на тешко пристапни терени, каде пред сѐ, вели, расте деградирана шума, нискостеблеста шума и трње, но, исто така, нагласи дека еден од пожарите има навлезено во делумно квалитетна шума.

– Би укажал дека поголемиот дел од пожарите се одвиваат на тешко пристапни терени, каде што пред сѐ расте деградирана шума, нискостеблеста шума и трње. За жал, еден од пожарите навлезе во делумно квалитетна шума како што е на територијата на Македонски брод во село Крапа и околните села, но генерално на повеќето места, гори ниско квалитетна шума или трња. Штетата во овој момент од аспект на екологија, секако дека не е за потцнеување, но споредено со минатата година е значително помала, рече Ангелов.

Прашан каква е состојбата на терен, директорот на ДЗС посочи дека во моментов нема ниту еден критичен пожар од аспект на загрозување на села, населби, викенд куќи или друг тип на населени места, како и дека до крајот на денот очекува пожарот кај дојранското село Никулиќ да биде ставен под контрола.

– Поимот критично може да биде толкуван пошироко. Во овој момент немаме ниту еден критичен пожар од аспект на загрозување на села, населби, или друг тип на населени места, викенд куќи. Во овој момент два Ер трактори на ДЗС дејствуваат врз пожарот над село Никулиќ којшто се движи кон валандовската страна и овој пожар е пред само ставање во контрола. Очекувам до крајот на денот истиот да биде ставен под целосна контрола. Таму на лице место се наоѓа заменикот на директорот на Национални шуми, со повеќе екипи на Национални шуми коишто помагаат или ја имаат водечката улога, професионалните пожарникари од Валандово, Гевгелија и Струмица, посочи Ангелов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Невакцинирањето има цена: Во 2024 година тројно повеќе луѓе заболеле од магарешка кашлица во однос на 2023
Следна Статија До четврток трае огласот за 400 нови пожарникари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трансформираниот портал Услуги.гов.мк нуди над 100 услуги за граѓаните и компаниите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска во Скопје, го промовираше трансформираниот портал Услуги.гов.мк со кој се нудат над 100…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово

По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица,…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?