Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неопходен е стартешки пристап со сет мерки за зголемување на наталитетот во земјава, смета македонскиот научник Фидановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Неопходен е стартешки пристап со сет мерки за зголемување на наталитетот во земјава, смета македонскиот научник Фидановски
МАКЕДОНИЈА

Неопходен е стартешки пристап со сет мерки за зголемување на наталитетот во земјава, смета македонскиот научник Фидановски

Објавено July 15, 2025 19:02
Сподели
Сподели

Демографските предизвици кои ја засегаат Македонија стануваат сè поитни, а нивното решавање бара внимателен и стратешки пристап. Докторот на науки по демографија, Кристијан Фидановски, го анализира актуелниот демографски статус на земјата и ја нагласува потребата од пронаталитетска политика како клучен фактор за обезбедување одржлив развој и иднина. Во разговор за „Трилинг“, Фидановски ја објаснува комплексноста на демографските трендови и укажува на неопходноста од конкретни мерки кои ќе помогнат во решавањето на проблемите со намалената раѓања и зголемената старост на населението.

„Македонија е една од државите на која им е најпотребна демографска па и пронаталитетска политика. Ние, како и целиот регион, се соочуваме со тој двоен демографски товар на низок наталитет и високо иселување. Интересно, нашиот природен прираст е всушност благо позитивен до 2019, а сепак и низ тие децении по осамостојувањето ние сме изгубиле население и населението остарело, што кажува дека иселувањето е секако водечката причина, а сега и прирастот по Ковид кризата е останат негативен што го зголемува демографскиот притисок.

Истовремено Македонија старее пред да стане богата држава и тоа стареење се случува многу брзо за разлика од други западноевропски држави кои прво станале богати, достигнале висок стандард на живот, а потоа им се случувале, им се случува овие демографски трендови, така што нам апсолутно ние потребна пронаталитетска стратегија, констатира Фидановски.

-Јас како некој што пет години во рамките на мојот докторат работев на ова прашање мило ми е што во јавноста се зборува за овие теми. Секако жал ми е што тоа се случи на овој начин, да бидеме реални, со една непромислена идеја односно реченица која за среќа и не прерасна во најава за конкретна мерка, вели за „Трилинг“ Кристијан Фидановски доктор на науки по демографија.

.„Во склоп на ретерирањето се спомена Јужа Кореја како пример , точно е дека таму има многу низок наталитет, дури и понизок од нашиот и постаро население , но истовремено Кореја е број еден во светот по автоматизација и на економијата и на целото општество , а ние сме меѓу најслабите во Европа , така што Кореја има луксуз да не и успее пронатализмот или да се откаже од него бидејќи има алтернатива . Ние би можеле да работиме на автоматизација, да се зголемува постепено воздраста за пензионирање, но и оваа идеја помина лошо во јавноста. Така да пронаталитетската ориентација ни останува најреална стратегија за справување со демографијата . Во денешно време кога жената сака да работи и да има еднаквост , на пример Кореја е традиционално општество со низок наталитет, од друга страна современите норми и прогресивни помитики , како на пример во скандинавските земји помагаат воз големување на наталитетот . Така да сите мерки заедно может да придонесат кон зголемување на наталитетот, вели Фидановски.

Многу истражувања во Европа покажуваат дека секој втор човек би имал едно дете повеќе доколку условите би биле соодветни за тоа Фидановски смета дека дополнителен момент што треба да ги обедини левицата и десницата е што целокупните општества и економии зависат од демографските проблеми.

„Постаро население значи поголем товар врз пензиските, здравствени системи па и економскиот раст. Имајќи го тоа предвид, сите ние (и родителите и неродителите) без разлика на брачниот статус, треба да придонесуваме финансиски кон стимулирање на родителството бидејќи тоа носи позитивни екстерналии за сите нас, а не преку даноци кои би казнувале едни, без притоа ни да знаеме дали воопшто тие средства би се користеле. Затоа е подобро преку директни детски додатоци, а не преку даночниот систем да се изведе една таква интервенција. Такви примери има многу во регионот. Јас полската би ја издвоил бидејќи ми е многу помила од унгарската, српската. Таа беше спомната од една десна партија која сега е во опозиција, но сегашната владејачка партија, ја прифати па и унапреди, бидејќи се утврди дека таа политика манифестирана преку детски додатоци придонесе многу и за намалување на детската сиромаштија. Ефектите врз наталитетот се релативно скромни, но имаат деца побрзо од што планирале. Политиката е универзална, затоа е универзално популарна. Има политичка поддршка бидејќи не е само за најсиромашните. Идејата е дека секој треба од државата да добива одреден придонес за родителство и не зависи ни од бројот на деца. Така што мислам дека тоа е една мерка која што нашите политичари и секој кој е заинтересиран за овие теми би требало да ја има предвид“, смета Фидановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зголемена цена, намалена грамажа: Чоколадите „Милка“ прогласени за најдрска рекламна лага
Следна Статија Димитров со еден потпис го промени името на државата, па сега му текна да ја критикува ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Ги решивме проблемите во ЗЕЛС, ќе ги решиме и во Скопје

Нема да дозволам никакви политички злоупотреби на ЗЕЛС. Политичките манипулации можат да имаат единствено негативен ефект врз граѓаните и нивниот…

November 3, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?