Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитров со еден потпис го промени името на државата, па сега му текна да ја критикува ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитров со еден потпис го промени името на државата, па сега му текна да ја критикува ЕУ
ПОЛИТИКА

Димитров со еден потпис го промени името на државата, па сега му текна да ја критикува ЕУ

Објавено July 15, 2025 19:13
Сподели
Сподели

Однесувањето на Европската Унија и гласањето во Европарламентот успеа да го изнервира дури и потписникот на Преспанскиот договор, екс-министерот Никола Димитров.

Човекот кој со еден потпис го промени името на државата – потег што за многумина во Македонија претставува предавство и капитулација пред уцените на соседите – сега, во улога на патриот, го критикува Брисел дека користел наратив што бил недостоен за Европа, пишува Алфа ТВ.

„Бугарија гордо го грабна вето-то, откако тоа прво ни беше ставено од Франција – ужасна геостратешка грешка на Париз. И сега, наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што едноставно е недозволив во 21 век во Европа – некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам“, порача Димитров, на „СИМИ симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција.

Само за потсетување, Димитров како министер за надворешни работи, и покрај противењето на мнозинството Македонци, го потпиша Договорот од Преспа, што според експертите претставуваше своевидна капитулација на Македонија пред уцените на Грција – договор кој ѝ даде мотив и сила на Бугарија да го прави тоа што го прави денеска во однос на македонската евроинтеграција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неопходен е стартешки пристап со сет мерки за зголемување на наталитетот во земјава, смета македонскиот научник Фидановски
Следна Статија Кабинетот на Гаши: Потпишана е одлуката за оглас за нов Народен правобранител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на митинг одржан во рамките на изборната кампања, под…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, најави градоначалникот Стојкоски

Општина Ѓорче Петров ќе добие катна гаража, ова го ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски. -…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните

Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија.…

July 12, 2025
ПОЛИТИКА

Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка

Предлог измените на СДСМ не добија зелено светло од мнозинството за да се најдат на дневниот ред. Само 19 пратеници…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?