Денес се навршуваат точно 28 години од бруталното убиство на познатиот моден дизајнер Џани Версаче, а неговата сестра Донатела се огласи по повод настанот.
Џани Версаче беше убиен пред својот дом во Мајами на 15 јули 1997 година, а Ендру Кунанан, кој веќе имаше неколку убиства зад себе, беше прогласен за виновен за убиството.
Познато е дека ова беше тежок удар за целото семејство, на кое му беа потребни години за да се опорави од оваа траума.
По овој повод, денес се огласи и неговата сестра Донатела, која објави нивна заедничка слика.
„Секогаш ти го кажував моето мислење, но твоето ми беше најважно. Ми недостигаш секој ден“, напиша таа.
Зошто беше убиен Џани?
Директорот на модната куќа Версаче беше брутално убиен под необјаснети околности, пред неговата вила во Мајами, а во моментот на смртта имаше 50 години.
Тоа утро, тој излегол во блиската продавница и купил списание „Вог“, а на скалите го пречекал напаѓач кој го застрелал.
Некои сведоци тврдат дека Версаче ја отворал портата кога еден млад човек во неговите дваесетти години му се приближил одзади и го застрелал двапати во главата.
Друг сведок тврдел дека имало тепачка, дека креаторот и напаѓачот се чинело дека се познаваат и дека се карале за чантата, кога пиштолот се испукал.
По смртта на Џани, Донатела се грижела за модната компанија, а во 2018 година ја посветила пролетната линија на брендот Версаче на својот покоен брат.
„Ми беа потребни две децении за да го направам ова, беше премногу болно да размислувам за тоа претходно. Поминаа 20 години и конечно сум подготвена“, изјави Донатела за Вог во тоа време.