Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата
СПОРТ

Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата

Објавено July 16, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Манчестер Сити потпиша нов договор со производителот на спортска опрема Puma во вредност од неверојатни 1.18 милијарди евра. Со овој договор, соработката продолжува барем до 2035 година, а годишната вредност на договорот се зголемува на 118 милиони евра, што е значително зголемување во однос на досегашните 77 милиони евра годишно.

Според „Гардијан“, ова е рекорден договор за еден клуб од Премиер лигата, највисокиот ранг на англискиот фудбал, на годишно ниво. За споредба, Манчестер Јунајтед во 2023 година потпиша десетгодишен договор со Adidas вреден околу 1.06 милијарди евра, додека Ливерпул има договор вреден 71 милион евра по сезона.

Откако партнерството со Puma започна во 2019 година, тимот на Пеп Гвардиола освои четири титули во Премиер лигата и стана втората англиска екипа во историјата што ја освоила тројната круна. Претставникот на Сити, Феран Сориано, не го криеше задоволството.

„Се здруживме со Puma со амбиција да се предизвикаме себеси и да ги надминеме очекувањата. Тоа и го постигнавме во изминатите шест сезони“, изјави Сориано. „Денешното обновување го зацврстува нашиот однос и го проектира во уште посветла иднина“, додаде тој, како што пренесува „Гардијан“.

Puma е исто така партнер и на другите клубови кои се дел од City Football Group, меѓу кои се: Мелбурн Сити, Палермо, Боливија…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се уште гори на две локации – во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
Следна Статија Украинците ја слават Меланија Трамп: „Агент Трампенко“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мурињо суспендиран на три натпревари

Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го казни тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари. По поразот…

April 6, 2025
СПОРТ

Вечното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер финале на 32. Куп на Македонија во ракомет

Седум дена пред директниот дуел за шампионската титула во Скопје, вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер денес од 17 часот…

June 1, 2025
СПОРТ

Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го продолжи договорот со клубот, објави „Marca“. Новиот договор е важечки до летото 2027…

July 19, 2025
СПОРТ

Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња

Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст, потврди неговото семејство. Легендарниот боксер во тешка категорија имаше една од најдолгите кариери во…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?