Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари
ЕКОНОМИЈА

Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари

Објавено July 16, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција, со стартот на изградбата на најголемиот ветерен парк во близина на Штип, инвестиција од над 500 милиони долари на компанијата „Алказар енерџи“, со која ќе се обезбеди електрична енергија за 100 илјади домаќинства, како и преку 600 нови работни места.

Николоски во обраќање на свеченоста рече дека проектот е најголема инвестиција во обновливи извори на енергија и ќе ја засили енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации.

Минатата година кога разговаравме со Премиерот околу Владата, околу ангажманот и визијата на Владата, проектите, и мојот личен ангажман во Владата, Премиерот како еден од главните приоритети го стави токму ова, а тоа беше зелената транзиција и тоа да Македонија стане лидер во производство на зелена енергија на Балканот.Неговата лична визија и она што го покажал во минатото, имајќи во предвид дека е автор на првиот ветерен парк во Македонија, не доведе денеска да можеме да сме тука и да почнеме еден навистина голем проект. Ова е само еден почеток, јас сум убеден дека ќе имаме и многу, многу други големи проекти и големи причини да бидеме тука и да славиме. Исто така сум убеден дека оваа порака ќе одекне добро и помеѓу заедницата на инвеститори – рече Николоски.

Според него, со реализацијата на овој проект покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.
Ова што го правиме денеска, наведе, прво е значајно, од човечки аспект. Кога патуваме надвор, она што можеби најмногу не’ импресионира, особено во Северна Европа, е кога ќе ги видеме ветерниците и тоа е некој симбол за развој, симбол за прогрес, симбол за 21. век и каде се движи човештвото. Така што, ова што ќе се случува во годините пред нас, е и психолошки добро да покажеме, дека како нација можеме да водиме големи проекти.

Второ, во однос на економијата, имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и што ќе се продаде, кое што директно влегува во БДП. Но индиректниот е многу поголем, не само во изградбата во годините што следуваат пред нас, не само во придобивките кои што ќе ги имаат трите општини, на чија што територија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се’ за стопанството и за индустријата, затоа што светот оди напред. Европската Унија правилата на зелена транзиција ги постави и нема да се врати назад од тие правила, а тие правила велат, особено во металната, во челичната индустрија, во тие индустрии кои што придонесуваат најмногу за нашиот БДП, дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија, во спротивно се плаќа казна за тие што не користат таква енергија. За да го спречиме тоа и да дадеме шанса на нашата економија и индустрија, да се конкурентни надвор, затоа што ние сме мал пазар и мора да се бориме надвор, доколу сакаме да сме успешни, овој проект и вакви проекти ќе допринесат многу за да бидеме лидери и во индустриското производство. И затоа како Влада правиме се’ да ги поддржиме – рече Николоски.

На настанот се обратија и директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Со инвестицијата на Алказар од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават електрична енергија за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина 33-годишен мотоциклист
Следна Статија Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од август до сега, цената на кафето порасна за 60%

За краток период цената на кафето драстично порасно, правејќи го луксузно добро, неприфатливп за сите граѓани. Зголемување на цените на…

May 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија, влегува во завршна фаза. Овој автопат, дел…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новиот систем за влез во ЕУ сериозна „главоболка“ за возачите на камиони – Ќе бидат третирани како туристи

Новиот систем за влез во Европската Унија (ЕУ), кој вклучува електронска регистрација и биометрија, може да предизвика големи проблеми во…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?