Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево.
Командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.
-Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави, командирот Тодоровски.