Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп тврди дека Кока-Кола се „согласила“ да го замени шеќерот во американската Кока-Кола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп тврди дека Кока-Кола се „согласила“ да го замени шеќерот во американската Кока-Кола
СВЕТ

Трамп тврди дека Кока-Кола се „согласила“ да го замени шеќерот во американската Кока-Кола

Објавено July 17, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалак Кока-Кола.

– Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија да го направат тоа, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл.

Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во Кока-Кола. Ова ќе биде многу добар потег од нивна страна – ќе видите. Едноставно е подобро!, додаде тој.

Кока-Кола во изјава му се заблагодари на Трамп за неговиот „ентузијазам за иконскиот бренд Кока-Кола“ и рече дека наскоро ќе сподели „повеќе детали за нови иновативни понуди во асортиманот на производи на Кока-Кола“, без да потврди каква било промена во состојките.

Во неколку земји, вклучувајќи ги Мексико и Австралија, Кока-Кола се произведува со шеќер од трска, за разлика од американската верзија, која користи поевтин и потраен сируп од пченка со висока фруктоза.

Самиот Трамп е познат како љубител на Диетална Кола (Diet Coke), верзија на пијалакот без шеќер со вештачки засладувачи.

Акциите на компанијата Archer-Daniels-Midland, главен производител на пченкарен сируп, паднаа за околу шест проценти во тргувањето по работно време во САД по објавата на Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо прогласен за најдобар играч во првенството на Саудиска Арабија
Следна Статија За помалку од милион евра се продаде атрактивното земјиште на Мијалков во Гевгелија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) „Беше како цунами“; „Не знам каде се нашите родители“: судот во Валенсија претворен во мртовечница

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа. Последниот извештај на властите на…

October 31, 2024
СВЕТ

Русија и Украина си разменија уште по 307 воени заробеници

Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска…

May 24, 2025
СВЕТ

Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош

Германските градови бараат решение за злоупотребата на социјалните бенефиции од мигранти од Бугарија и Романија и бараат построги правила. Многу…

May 16, 2026
СВЕТ

Руско МНР: Лавров и Рубио имаа конструктивен разговор пред самитот во Будимпешта

Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров и неговиот американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?