Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!
СПОРТ

Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Објавено July 18, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс.

Клубот од Орегон потврди дека потпишал тригодишен договор со 34-годишната суперѕвезда, кој според достапните информации ќе заработи 42 милиони долари.

Враќањето на Лилард доаѓа откако неодамна беше отпуштен од Милвоки Бакс, иако во неговиот договор имаше загарантирани 113 милиони долари за наредните пет сезони. Одлуката на Бакс следеше по сериозната повреда на Ахиловата тетива во првото коло од годинашниот плејоф, поради која ќе ја пропушти целата наредна сезона.

Лилард беше избран како шести пик на НБА драфтот во 2012 токму од Портланд, каде ги помина првите 11 сезони од својата кариера и стана клупска легенда. Во 2023 се пресели во Милвоки, но неговата епизода таму беше краткотрајна.

Во минатата сезона, и покрај здравствените проблеми и само 58 одиграни натпревари, имаше просек од 24,9 поени и 7,1 асистенција. На теренот доминираше и покрај проблемите со тромбоза.

Лилард го одбележа враќањето во Портланд со објава на Инстаграм, каде сподели фотографија од соблекувалната на Трејл Блејзерс и кратко напиша:
„RipCityyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyy!“

Овој повраток има и емоционална димензија – Демиан Лилард е најдобриот стрелец во историјата на Портланд со вкупно 19.376 поени и е единствениот играч во НБА историјата со пет натпревари на кои постигнал 60 или повеќе поени.

Во својата кариера во просек бележи 25,1 поен и 6,7 асистенции. Освен што е меѓу 100-те најдобри НБА кошаркари на сите времиња, Лилард може да се пофали и со златен медал од Олимписките игри во Токио како член на репрезентацијата на САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца
Следна Статија „Лежалките не се за сиромашни!“ Откако се појави шок снимка со цените во Црна Гора, се случи драма: „Одиме во Грција“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лајпциг го продава Елиф Елмас во јануари за 15 милиони евра

Како што пренесува Спорт Билд, РБ Лајпциг поставил цена од 15 милиони евра за трансфер на Елиф Елмас во зимскиот…

November 28, 2024
СПОРТ

(Видео) Шокираниот Медведев искрши сè по елиминацијата во Вашингтон

Дуелот помеѓу Данил Медведев и Корентан Муте ја донесе најлудата завршница и најлудиот поен на меч топка оваа сезона. Муте,…

July 26, 2025
СПОРТ

Реал ја одреди цената за Родриго

Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја…

June 24, 2025
СПОРТ

Омерагиќ: Клубовите од Втората лига ослободени од котизација по 15 години

Клубовите од Втората македонска фудбалска лига од оваа сезона ќе се натпреваруваат без обврска за плаќање котизација, соопшти претседателот на…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?