Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прва седница на економско-социјалниот совет: Синдикатите бараат 450 евра минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Прва седница на економско-социјалниот совет: Синдикатите бараат 450 евра минимална плата
ЕКОНОМИЈА

Прва седница на економско-социјалниот совет: Синдикатите бараат 450 евра минимална плата

Објавено October 10, 2024 09:30
Сподели
Сподели

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во вторникот на прес-конференција изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачување на минималната плата.

Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите и ќе донесеме заедничка одлука, рече Дурмиши.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од Владата, Дурмиши истакна дека според законот покачувањето на минималната плата треба да се случи во март идната година.

Од Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС. Тогаш од ССМ не сакаа да ги коментираат првите 100 дена од работењето на новата Влада изразувајќи надеж дека ќе биде свикана седница на ЕСС на која ќе им биде кажано што е сработено, а од Организацијата на работодавачи на Македонија посочија дека имале високи очекувања, но дека досега ништо не е направено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Државен функционер од партијата на Зеленски снимен како лежи над куп пари: уапсен со мајка му
Следна Статија (Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки, има и загинати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025

Европските пазари се очекува да отворат во негативно подрачје пред кратка трговска недела

Следи претходна рекордна сесија во која индексот Stoxx 600 достигна 588.07 поени.

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко…

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?