Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило
ХРОНИКА

Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило

Објавено July 19, 2025 17:46
Сподели
Сподели

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско возило, откако едно лице физички го нападнало автомобилот со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи.

Според податоците, околу 01:15 часот на улицата „Благоја Стефковски“, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички, кое не застанало веднаш, туку било сопрено неколку минути подоцна на улицата „Ордан Поп Јорданов“.

Возачот бил идентификуван како Ф.Ј. (32) од село Петровец, а во возилото се наоѓале уште три машки лица. По извршената контрола, констатирани се повеќе сообраќајни прекршоци и издадени се платни налози.

Сепак, инцидентот не завршил тука. По завршувањето на службените дејства, едно од лицата од возилото „Пежо“, откако полицајците влегле во полициското возило, со тврд предмет го искршило задното стакло на полициското возило и потоа побегнало од местото на настанот.

Полицијата презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителот, а случајот е пријавен и документиран како напад врз службено возило и ометање на службени лица во вршење на должност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес е празник на заштитникот на децата: За нивното здравје, секоја мајка треба да го направи ова
Следна Статија Јавните научни и високообразовни установи добиваат пари за научно истражувачки проекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач загина на патот Кочани-Виница

На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки…

December 17, 2025
ХРОНИКА

Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи

Во првото тримесечје од 2025 година – јануари до март, бројот на ново евидентирани жртви во земјава е 391. Од…

June 27, 2025
ХРОНИКА

81-годишна скопјанка измамена за речиси 2 милиони денари

81-годишна жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена за сума од 1.709.090 денари, информира Министерството за внатрешни…

December 21, 2024
ХРОНИКА

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?