Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: По моето назначување за портпарол на Владата, поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митева: По моето назначување за портпарол на Владата, поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник
ПОЛИТИКА

Митева: По моето назначување за портпарол на Владата, поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник

Објавено October 10, 2024 10:10
Сподели
Сподели

Новата портпаролка на Владата, Марија Митева по реакциите во јавноста за нејзиното извршување на две функции истовремено како портпарол и пратеник преку објава на „Фејсбук“ посочува дека веднаш по нејзиното назначување за портпарол на Владата поднела писмена неотповиклива осавка од функцијата пратеник.

– Прво и најважно е формалниот правен аспект кој во ниеден случај не е заобиколен, затоа што јас лично вчера веднаш по моето именување за Портпарол на Владата поднесов писмена неотповиклива оставка од позицијата пратеник и формално правно, јас ниту извршувам две именувани позиции истовремено ниту имам законска можност истото да го правам. Воедно, истото го темелам согласно одредбите од Законот за пратеници член 8 став 3 кој вели, цитирам: „Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настануваьето на случаите од ставот 1 точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член, што Собранието го констатира на првата наредна седница.” А, во ставот 1 точка 3 се вели дека, повторно цитирам: „На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако настапи случај на неспоивост на функцијата. Тоа јасно укажува дека мене мандатот ми е престанат, а Собранието на следната седница истото треба само да го констатира, наведува Митева во објавата.

Посочува дека со поднесената оставка нема да учествува во работата на Собранието до одржување на парламентарната седница на која треба да се коснтатира нејзината оставка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки, има и загинати
Следна Статија Трамп ја одби поканата на Фокс њуз да дебатира со Камала кон крајот на октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Максим Димитриевски од ЗНАМ – политика како приватен бизнис

Во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ никој не живее од плата тоа веќе сите го знаат, велат од СДСМ Во продолжение соопштението…

February 6, 2026
ПОЛИТИКА

Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните…

December 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ незнаејќи како да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра се дозакопа уште подлабоко,…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори. 1.Актуелната власт…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?