Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН
СПОРТ

Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН

Објавено October 10, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Денеска од 18 часот на стадионот во Рига, нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на Летонија.

Ова ќе биде првиот меч од октомврискиот циклус во Лигата на Нации во сегментот Ц. во групата 4. Веќе во недела повторно гостуваме и тоа во Ереван каде играме со Ерменија.

Овие два меча веројатно ќе бидат клучните за избраниците на селекторот Благоја Милевски во поглед на остварување на целта, а тоа е првото место во групата.

Со две победи, со шест освоени бода на овие две гостувања веројатно се ќе биде готово, за да во ноември ги дочекаме дома двете последни средби со Летонија и Ф. Острови во победничка атмосфера.

Селекторот Благоја Милевски не направи драстични промени во составот и на располагање ќе ги има истите фудбалери од претходно, со тоа што од комбинација за настап испаднаа повредените напаѓачи Александар Трајковски од хрватски Хајдук и Дарко Чурлинов од Јагелонија.

Меѓу повиканите од претходно го нема Кристијан Трапановски кој е повреден, него го менува Марио Илиевски од бугарска ЦСКА.

Македонија има проблеми со жолтите картони во одбраната каде Ѓоко Зајков  поради црвен картон на претходната средба е суспендиран, а под суспензија за жолти картони е Никола Серафимов.

Мечот ќе го суди Јакоб Сундберг од Данска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине
Следна Статија (Видео) „Кога ќе се раздени, веројатно ќе ги собираме телата“, вели шеф на полиција на Флорида

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Синер и Алкараз во финалето на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто…

July 12, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари утре патуваат за Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од…

August 5, 2025
СПОРТ

Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три…

August 3, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија

Македонската машка кошаркарска репрезентација триумфираше вечерва над Швајцарија со 62-56 во првиот од двата контролни натпревари во рамки на подготовките…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?