Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
СПОРТ

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

Објавено July 22, 2025 08:40
Сподели
Сподели

По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки надежи од цела Европа ги имаа своите први настапи на спортските борилишта ширум главниот град и во Куманово, испраќајќи силна порака за единство, спортски дух и иднина полна со потенцијал.

Во фокусот на првиот натпреварувачки ден беа финалните дисциплини во атлетика, каде што се случи историски момент: беше соборен светски рекорд во скок со стап за девојки до 17 години. Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар. Сребрениот медал ѝ припадна на Моана Пејрард од Франција, која скокна 4,05 метри, а бронзата ја освои Анастасија Бумпулиди од Грција со скок од 3,95 метри.

Медалите на првата официјална церемонија на ЕМОФ Скопје 2025 ги врачи Спирос Капралос, Претседател на Европските олимписки комитети, додека Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет, на секоја од медалистките ѝ подари маскота – симбол на фестивалот и вредностите што го обединуваат.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Првиот ден го одбележа и Турчинката Елиф Берфин, која со 421,2 остварени круга постави европскиот рекорд во стрелаштво, гаѓање со воздушен пиштол на 10 метри. Анастасија Живковиќ од Србија го освои второто место, додека третото место го обезбеди Миа Грош од Австрија.

Одличен старт за македонските пливачи: Државен рекорд и лични најдобри времиња

Првиот натпреварувачки ден донесе и одлични индивидуални настапи за македонските пливачи, со нови државни и лични рекорди во повеќе дисциплини. Дамјан Станковски постави државен рекорд до 14 години на 200 м градно со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот резултат 2.37.90.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола Велковски на 400 м градно (4:21:50 мин) и Михаил Алексовски на 200 м градно (2:38,01 мин), како и Милан Јанковски на 100 м грбно на возраст до 14 години. Единствена нашата натпреварувачка која избори пласман во полуфиналето е Неда Миленковска на 200 метри пеперутка.

Волонтерите – срцето на ЕМОФ Скопје 2025

Над 700 волонтери се вклучени во реализацијата на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, внесувајќи младешка енергија, ентузијазам и позитивен дух на секој чекор. Тие се тука да пречекаат, насочат, помогнат и охрабрат – и за учесниците, и за публиката, и за сите гости на фестивалот.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Волонтерите доаѓаат од различни делови на земјата и Европа, обединети од заедничката желба да бидат дел од едно големо спортско доживување. Нивната улога не е само логистичка – тие се амбасадори на пријателството, на соработката, на вредностите на олимпискиот дух и, пред сè, на иднината што ја гради оваа млада генерација. Токму нивната посветеност и искрена насмевка го прават фестивалот топло, безбедно и инспиративно место за сите млади спортисти што го сонуваат својот олимписки пат.

Што не очекува во вторник на ЕМОФ Скопје 2025?

Вторник (22 јули) донесува уште еден динамичен натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025. Младите спортисти продолжуваат со настапи во вкупно 12 спортови на повеќе локации во Скопје и Куманово. Ќе продолжат атлетските возбудувања во неколку дисциплини, а љубителите на пливањето ќе можат да следат нова серија утрински квалификации, како и полуфинални трки во повеќе дисциплини, меѓу кои и 100 м слободно, 200 м пеперутка и штафети. Од екипите спортови за издвојување се кошарка, одбојка, ракомет и баскет 3х3, каде се играат клучни мечеви во групната фаза, а на програмата се и натпревари во џудо, пинг-понг, гимнастика, бадмингтон, велосипедизам и стрелаштво.

Детален распоред по спорт и временска рамка можете да најдете на следниот линк:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени
Следна Статија Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ноле се присети: Татко ми еднаш стави десет марки на масата и рече – тoa e се што имаме

Новак Ѓоковиќ во емисијата (не) успех на прваците“ на Арена ТВ на водиелот Славен Билиќ откри дека морал да преземе…

May 29, 2025
СПОРТ

Манчестер Ј. го има наjлошото отворање на сезоната по 2022 година

Манчестер Јунајтед остана без победа и по второто коло во англиската Премиерлига. Екипата на Рубен Аморим ремизираше 1-1 на гостувањето…

August 25, 2025
СПОРТ

Навивачите се бесни – пивото поскапе на „Олд Трафорд

Навивачите на Манчестер јунајтед влегоа во нова „војна“ со клупските челници. Откако неодамнешното зголемување на цените на билетите веќе предизвика…

August 12, 2025
СПОРТ

(Видео) Салах спречи пораз на Ливерпул кај Арсенал

Без победник (2:2) заврши големото дерби во Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул. Нерешениот резултат на „Емирејтс“ го врати Манчестер…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?